- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Сите европски кралски семејства се меѓусебно поврзани со долги роднински врски. Особено се поврзани Виндзорови и Романови. Сето тоа не било можно без кралицата Викторија, која ја нарекуваа и „бабичката на Европа“.
Прадедото на новиот крал Чарлс Трети по мајчина линија бил британскиот крал Џорџ Петти, внук на кралицата Викторија. Нејзина внука била и Аликс од Хесен, односно Александра Фјодоровна, сопругата на последниот руски цар Николај Втори Романов.
Global Look Press
Од друга страна, Џорџ Петти на Николај Втори му бил братучед по мајчина линија, со оглед на тоа што нивните мајки Александра од Данска и Марија Фјодоровна (Дагмар од Данска) биле сестри. И двајцата владетели неверојатно си личеле, а биле и прилично блиски. Кога болшевиците го убиле царот Николај Втори и неговото семејство, Џорџ Петти во свој дневник напишал: „Тоа беше подмолно убиство. Му бев преден на Ники кој беше најдобриот човек на светот и вистински џентлмен. Ја сакаше својата земја и својот народ“.
А, што е со родословието на кралот Чарлс Трети по таткова линија? И во него има длабоки руски траги. Неговата баба по таткова линија (мајката на принцот Филип) беше принцезата Алиса од Батенберг, внука на императорката Александра Фјодоровна и воедно трета братучетка на Николај Втори.
Public domain
Од друга страна, дедото на Чарлс по таткова линија, принцот Андреј од Грција и Данска, е исто така потомок на Романови (дури и има служено во руската армија!). Рускиот цар Николај Први ѝ бил дедо на мајката на Андреј, Ољга Константиновна, консорт-кралицата на Грција. Работите се малку замрсени, ама такви се родословијата.
Посета на Русија
Многу претставници на татковата линија на Чарлс биле православни Грци. Принцот Филип, неговиот татко, беше православен христијанин додека не се ожени со кралицата Елизабета. Чарлс е голем симпатизер на Православната црква. Познат е фактот дека има одено на аџилак на Света Гора на Атос.
Се зборуваше дури и дека се има крштевано по православен обред, но статусот не му дозволува да премине од англиканската во некоја друга црква. Определени британски медиуми, меѓутоа, соопштуваат дека на ѕидовите во резиденцијата на Чарлс во Хајгроу стојат православни икони.
Сергеј Компанијченко / Sputnik
Во 1994 година принцот Чарлс го посети Санкт Петербург на покана од страна на градоначалникот Анатолиј Собчак. Потоа беше во посета на Петропавловската тврдина (каде се погребани многумина Романови) и прошета низ градот.
Сергеј Компанијченко / Sputnik
Чарлс ја посети Русија и во 2003 година.
INTERPRESS / AFP
Прошета низ Санкт Петербург и Петергоф, поранешната резиденција на руските цареви. По екскурзијата по Големиот петергофски дворец принцот Чарлс прошета низ алеите. Го воодушевија познатите петергофски фонтани.
Сергеј Смолски / TASS
Потоа се упати кон руските Соловецки острови во Белото море, каде се наоѓа познатиот древен Соловецки манастир.
John Stillwell/PA Images / Getty Images
Чарлс изјави дека отсекогаш сакал да ја посети оваа православна светиња. Им оддаде почит на жртвите на Соловецкиот гулаг во кој беше претворен манастирот во советско време, и засади садници на сибирска елка во манастирската ботаничка градина.
На свадбата на принцот Вилијам новинарите забележаа православни икони на церемонијата, што беше израз на почит кон сите православни роднини на принцот Филип, и секако, кон Чарлс.
John Stillwell/PA Images / Getty Images