Рудолф Абел, Њујорк, јули 1957.
PhotoQuest/Getty ImagesНајпознатата размена на фатени шпиони во периодот на Студената војна се случи на 10 февруари 1962 година на мостот Глиникер, каде минуваше границата меѓу Германската Демократска Република и Западен Берлин. Токму на ова место агентот на советската служба во САД Рудолф Абел беше разменет за пилотот Гери Френсис Пауерс, кој беше соборен над територијата на СССР.
Рудолф Абел (вистинско име Хенрик Фишер) се наоѓаше на задача во Северна Америка од 1948 година. Таму набавуваше информации за економскиот и воениот (вклучувајќи го и нуклеарниот) потенцијал на САД, формираше и раководеше со мрежи на агенти. Беше уапсен од ФБИ во 1957 година откако беше предаден од негов советски колега.
Мостот Глиникер
Bettmann/Getty ImagesАгентот категорично одби да соработува со американските специјални служби и беше осуден на 32 години затвор за шпионажа. Сè што направи Абел, го направи од убедување, а не за пари. Би сакал да имам три-четворица такви луѓе како Абел во Москва“, рече за него директорот на ЦИА Ален Далес.
СССР планираше да го ослободи Абел, предавајќи им го на Американците заробениот пилот Гери Френсис Пауерс, чиј извидувачки авион У-2 беше соборен на 1 мај 1960 година над територијата на СССР, кога вршеше снимање на стратешки важни објекти.
Френсис Пауерс
Bettmann/Getty ImagesМеѓутоа, за САД оваа размена не беше подеднакво вредна. За толку вредна личност како Абел, Москва мораше да придодаде уште неколку фатени агенти.
Советскиот агент Конон Молоди се наоѓаше на задача во Велика Британија од 1955 година, претставувајќи се како претприемачот Гордон Лонсдејл. Успеа да го врбува криптографот на Воената морнарица на Велика Британија Хари Хотон и со години да ѝ испраќа тајни информации на Москва за состојбата на британската подморничка флота. Притоа Хотон беше убеден дека работи за американската разузнавачка служба (взаемното шпионирање на сојузниците беше нешто вообичаено во тоа време).
Гордон Лонсдејл, односно Конон Молоди, 1965.
Sunday People/Mirrorpix/Getty ImagesМолоди-Лонсдејл исто така се покажа како способен бизнисмен. Кратко време пред неговото разоткривање во 1961 година (го предаде еден Полјак кој пребегна на Запад), советскиот шпион доби почесна повелба од кралицата Елизабета II „за големи успеси во развојот на претприемништвото за доброто на Обединетото Кралство“.
Гревил Вин, 1964.
Dennis Oulds/Central Press/Getty ImagesСССР и Велика Британија се договорија да го разменат Молоди за британскиот бизнисмен Гревил Вин, кој работеше за Ми-6. Тој ја обезбедуваше врската со полковникот на Главната управа за разузнавање на СССР Олег Пенковски, кој работеше за западните служби. Пред КГБ да ги уапси Вин и Пенковски во 1962 година, вториот успеа да предаде 5500 тајни документи на Вашингтон и Лондон и да пријави стотици советски агенти. Беше стрелан на 16 мај 1963 година.
Судењето на Гревил Вин и Олег Пенковски (десно, дава исказ), 1963.
Keystone/Getty ImagesВо пет и триесет часот наутро на 22 април 1964 година се сретнаа два автомобила на истиот мост Глиникер, кој во историјата е запаметен како „шпионски мост“. „Од „она“ возило излегоа четворица мажи“ – се сеќава Молоди – „меѓу нив беше и Вин. Изгледаше исплашено и мизерно, ништо како неговите ретуширани фотографии кои беа објавувани во весниците. Двајцата мажи кои стоеја од двете страни лесно го придржуваа. Се чинеше дека ќе падне директно на асфалтот ако тие двајца ги спуштат рацете... Учесниците во размената се построија очи во очи по средината на патот. Советскиот конзул изговори „размена“ на руски и англиски, а јас не ни сфатив како се најдов во возилото. Во „своето“ возило. Меѓу своите. Најпосле меѓу своите“.
Маријан Захарски беше најуспешниот полски шпион во историјата. Во 1977 година се пресели во САД и се вработи во фирмата за производство на машини Polish American Machinery Company во Илиноис. Захарски успеа да ја добие довербата и да го врбува водечкиот експерт на воено-индустриската компанија за производство на авиони Hughes Aircraft Холден Бел, чија куќа се наоѓаше во неговото соседство...
Маријан Захарски
Silar (CC BY-SA 3.0)Агентот редовно ѝ пренесуваше на Варшава тајни податоци за ловците F-15, противтенковските ракети TOW, ракетите „воздух-воздух“ „Феникс“, тенкот М1 „Абрамс“, противвоздушните системи „Патриот“ и друго оружје. Полска веднаш ги проследуваше овие важни податоци до СССР.
F-15
Dave Buresh/The Denver Post/Getty ImagesВо 1981 година Маријан Захарски беше разоткриен и уапсен од ФБИ. Оттогаш полската разузнавачка служба безуспешно се обидуваше да го ослободи својот највреден агент. На крај на преговорите се приклучија Германската Демократска Република и Советскиот Сојуз, кој ја организираше размената.
Мостот Глиникер
Alexis Duclos/Gamma-Rapho/Getty ImagesНајмасовна размена на шпиони во текот на целата Студена војна се случи на 11 јуни 1985 година. Преку „шпионскиот мост“ на Запад преминаа 24 агенти на западните специјални служби, додека во спротивна насока се движеа четворица разузнавачи на Источниот блок, меѓу кои беше и Захарски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче