Владимир Путин по неговите долги „прашања и одговори со нацијата“, сега веќе годишна традиција наречена: „Директна линија со Владимир Путин“.
Оксана Фјодорова, Русинката која стана „Мис Универзум“ 2002.
Масовни нереди во Москва откако руската фудбалска репрезентација загуби со 1-0 во мечот против Јапонија и испадна од Светското првенство во 2002. Натпреварот беше пренесуван на голем екран пред зградата на Државната Дума. По поразот, навивачите извршија погроми на Манежниот плоштад, во блиските улици, а нереди имаше и во метрото.
Фудбалски навивачи скандираат на натпревар на ЦСКА во Москва.
Слон по име Чани шета по улиците на Москва за време на снимањето на „Олигарх“ со Владимир Машков во главната улога.
Девојка во руска традиционална носија на фестивал на фолклор.
Станицата „Воробјови Гори“ на московското метро беше повторно отворена по речиси 20 години реконструкција.
Некои нови клинци.
Ќилибарната соба во Царско село кај Санкт Петербург беше изгубена во текот на Втората светска војна, но во 2002 година беше конечно обновена.
Среќно дете јаде чоколада.
Концерт во близина на Црвениот плоштад во Москва.
Пристапна рампа во Федералната служба за државна статистика, зграда проектирана од познатиот архитект Ле Корбизје.
Смог во Москва.
Владимир Путин и претседателот на САД Џорџ Буш за време на посетата на Државниот руски музеј во Санкт Петербург. Директорот на музејот Владимир Гусев, прв од десно, им беше водич.
Во 2002 година беше основан Советот Русија-НАТО. На сликата е Владимир Путин со генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон по првиот самит на Русија и Северноатлантската алијанса, каде што разговараа за соработка во борбата против заедничките закани, како што е меѓународниот тероризам.
Свечености во Москва.
Русија во 2002 година го одржа својот прв попис на населението по распадот на Советскиот Сојуз. На сликата подолу е процесот на печатење на пописниот список. Со пописот беа регистрирани околу 145 милиони луѓе кои живеат во Русија.
Заложничката криза на „Норд Ост“ во московскиот театар Дубровка во октомври 2002 година беше една од најстрашните трагедии во модерната историја на Русија. Терористите го зазедоа преполниот театар токму за време на музичка претстава и држеа заложници три дена пред нападот на специјалните сили. Загинаа околу 130 заложници.
Лето на село.
Дождлив ден во Москва.
Млади свират гитара.
Реконструкција посветена на 190-годишнината од Бородинската битка во текот на војната со Наполеонова Франција 1812 година.
На 15 септември 2002 година беше отворен Плоштадот на Европа во близина на Киевската железничка станица во Москва. Во центарот на плоштадот се наоѓа скулптура под називот: „Грабањето на Европа“ на белгискиот уметника Оливие Стребел.
Пливачки во синхроно пливање на тренинг. Од 2000 година руските спортистки секогаш го освојуваа олимпиското злато во овој спорт.
Некои нешта едноставно не се менуваат... на пример, сообраќајниот метеж во Москва!
Руски актери на врвениот тепих на Московскиот меѓународен филмски фестивал.
Уште едно вонвременско нешто е возењето со чамец по познатите реки и канали на Санкт Петербург.
Комунисти го слават „Денот на договорот и помирувањето“ во Москва на 85-годишнината од болшевичката револуција во октомври 1917.
Штотуку венчани!
Водечките танчари на Мариинскиот театар Дијана Вишњова и Фарух Рузиматов на Московскиот меѓународен балетски фестивал Гранд Пас.
Параолимпијци на 22 Светски маратон на мирот посветен на 855 годишнина на Москва.
Изрешетани мозаици во градот Грозни како сведоштво на неодамна завршената Втора чеченска војна.
Лето на Манежниот плоштад во Москва.
Човек облечен како Владимир Мономах пред кремљот во градот Ростов Велики, Јарославска област.
Прекрасните фонтани на Петерхофскиот дворец во близина на Санкт Петербург.
Жители на Архангелската област пластат сено.
„Забава“ на руски начин: посетители на фестивал на пивото.
Тезга во сибирскиот град Железногорск.
Дмитриј Медведев, на сликата од 2002 година додека беше претседател на Управниот одбор на „Гаспром“. Шест години подоцна ќе стане претседател на Руската Федерација.
Љубовта (и рекламата) е во воздухот на Пушкиновиот плоштад во Москва.
Мало друштво во Вологда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче