Со федералниот договор потпишан во Москва 1992 година беше формирана нова држава, Руската Федерација. Таа тогаш опфаќаше 89 субјекти на федерацијата (сега се 85 бидејќи дојде до обединување и реорганизација на одделни субјекти).
Борис Елцин и Џорџ Буш Постариот ги потпишуваат документите за завршување на Студената војна.
Народниот водач Борис Елцин често се појавуваше меѓу обичните луѓе, што беше во целосна спротивност на советските лидери кои секогаш стоеја на високи трибини.
Благодарение на првиот претседател на Русија Борис Елцин, тенисот во оваа земја стана неверојатно популарен.
По функцијата на прв (и единствен) претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов застана на чело на непрофитниот фонд „Горбачов“, кој се занимава со проучување на историјата на Перестројката.
Болвјите пазари беа нешто како „заштитен знак“ на турбулентните 1990-ти.
Најновите трендови.
Дојде добата на „Кока-кола“.
Земјата се соочи со слобода на говор, политички ставови и, се разбира, уметнички израз. На фотографијата Андреј Бартенев настапува пред ѕидините на Кремљ.
67-годишната балетска дива Маја Плисецкаја го изведува на Црвениот плоштад танцот на Умирачкиот лебед.
Капење на коњи во Краснодар.
Уметница изработува минијатура „Федоскино“.
Матрјошки и Троице-Сергиевата лавра во позадина.
По многу децении прогонство за време на советскиот период, Руската православна црква конечно го слави Велигден во целосна слобода. На фотографијата, патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II зборува по повод пристигнувањето на аџилакот „Незгасливо кандило“ од Ерусалим во Москва преку Европа.
Модата на плажа достигнува „нови врвови“.
„Сообраќаен метеж“ на Плоштадот „Мајаковски“ во Москва.
Крзно на модната писта.
Московската полиција добива хеликоптер од американската компанија Bell Helicopter Textron на Манежниот плоштад.
Огромен музички концерт на Црвениот плоштад.
Пејачот Валериј Леонтјев, претставник на новиот естраден бран, настапува во целосно ново сценско издание.
Прослава на Денот на Воената морнарица во Санкт Петербург, кој во краток историски период се викаше Ленинград.
Спортисти од цел свет учествуваат во годишниот Московски маратон..
Мајка и син на прославата на годишнината од војната во 1812 година против Наполеонова Франција.
Судењето на Андреј Чикатило, еден од најпознатите сериски убијци во СССР.
Вработени во музеите на Московскиот Кремљ подготвуваат за фотографирање некои украси на Романови од колекцијата на Дијамантскиот фонд.
Во центарот на Москва е отворен еден од првите супермаркети и првото продажно место на компанијата Danone. Луѓето чекаа во редови да купат јогурт од странско производство.
Деца си играат во Калушката област.
Во храмот „Покров на Пресвета Богородица на реката Нерла“ во Владимирската област, еден од најубавите помали храмови на Русија, повторно се вршат богослужби.
Млади Татарки.
Чеченци.
Девојка од Јакутија, по националност Евенка, во народна носија.
Преработка на кавијар од лосос во Јужно-Курилската фабрика за преработка на риба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче