Како изгледаше Русија 1962 година (ФОТО)

Историја
RUSSIA BEYOND
Култот на личноста на Сталин веќе беше срушен, првиот човек неодамна престојуваше во вселената, а целата земја во текот на Затоплувањето на Хрушчов негуваше нови надежи за поубав и подобар живот.

Овде гледате една од легендарните фотографии од времето на Затоплувањето на Хрушчов: матурантите пуштаат гулаби на небото по свечена прослава.

Следната фотографија совршено илустрира како изгледаше земјата тогаш - градежни работи на сите страни и нови станбени блокови покрај старите куќи кои наскоро ќе бидат урнати.

Летото пристигна!

Никита Хрушчов е во посета на Бугарија, каде што дозна за американските ракети во Турција, што неколку месеци подоцна ќе ја предизвика Кубанската ракетна криза.

А овде ги гледаме Хрушчов и космонаутот Андријан Николаев додека ги поздравуваат московјаните по успешниот лет во орбитата на вселенскиот брод „Восток-3“.

На 1 декември 1962 година Никита Хрушчов ја посети изложбата на авангардните уметници од студиото „Нова реалност“ во галеријата „Манеж“ во Москва и притоа со груби и навредливи зборови ја критикуваше апстрактната уметност...

Автомобили на Црвениот плоштад во Москва.

Туристи во Ленинград, културната престолнина на земјата, и главната туристичка атракција на градот. Фотографирање на „Бронзениот коњаник“, споменикот на Петар Велики.

Јуриј Гагарин на снимањето на новогодишната програма. 

Од крајот на 1950-тите СССР ги развиваше односите со Африка. Овде гледате странски студенти на Московскиот државен универзитет.

„Нашата вистинаˮ: Странски студент го чита весникот „Правдаˮ.

Раните шеесетти го донесоа крајот на изградбата на најголемата библиотека во земјата. Новите зданија на Лениновата библиотека ги отворија своите врати за посетителите.

Генерацијата на 60-тите и културниот процут. Од лево кон десно: министерката за култура Екатерина Фурцева, поетот Евгениј Евтушенко, скулпторот Ернст Неизвестни.

Скијањето беше еден од најпопуларните зимски спортови во СССР и секој знаеше да скија. И денес многу постари луѓе во Русија активно скијаат во текот на зимата.

На гол: деца играат хокеј во Ленинград  

На училишен час.  

Час по балет во московскиот Дом на пионерите.

Летен распуст во Сибир.

Легендарниот пионерски камп „Артекˮ на Крим.

Луксузна играчка автомобил во советска градинка (до портретот на Никита Хрушчов).

Многу луѓе волонтерски помагаа во изградбата на новите станбени згради - „хрушчовкиˮ.

Додека родителите беа зафатени со изградбата на новата земја, дури и многу малите деца ги поминуваа деновите во јасли. 

Кревачот на тегови Јуриј Власов (кој подоцна беше еден од идолите на Арнолд Шварценегер) поставува нов рекорд.

Камион ЗИЛ на подвижна лента во фабриката за автомобили „Лихачов“ (во 1962 година фабриката направи дури и спортски автомобил!).

Шопинг во советски стил.

Во ателјето на скулпторот Лео Кербел. Тој пред сé беше познат по спомениците на Владимир Ленин, Карл Маркс и Јуриј Гагарин.

Мајската парада во Москва.

Шаховска нација. Нона Гаприндашвили (десно), која се споменува во телевизиската серија на „Нетфликс“ „Дамин гамбитˮ, во борба за титулата светска шампионка.

Во многу советски домови се играше шах.

Валентина Терешкова на тренинг (година дена подоцна ќе стане првата жена во вселената).

Во 1962 година познатиот писател за деца Корнеј Чуковски ја доби почесната титула доктор по книжевност на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија.

Чистење на станицата на московското метро „Арбатскаˮ.

Студенти одат на земјоделска работа.

Романтика во текот на Затоплувањето.

Луѓе поминуваат покрај аптека во една московска улица.

Празничен огномет по повод годишнината на Октомвриската револуција.