Како изгледаше Русија 1942 година (ФОТОГРАФИИ)

Сергеј Васин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Земјата беше во екот на Втората светска војна, со неколку одлучувачки масовни битки и опсадата на Ленинград. Населението во позадината му помагаше на фронтот задоволувајќи ги неговите потреби, но животот сепак течеше по својот тек.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

Единици во зимскa униформa на скии го ослободуваат московскиот регион за време на Битката за Москва.

Храмот во Можајск што го уништија нацистите.

Артилерија за време на Битката за Москва.

Болничарка превива раненик.

Подморничари на Балтичката флота во моменти на одмор.

Морнари на Северната флота во моменти на одмор.

Пред почетокот на фудбалски натпревар меѓу екипи на советските морнари и американско-британските сојузници

Пилоти на ловечка ескадрила. Нивната храброст беше овековечена во култниот советски филм „Само џомби одат во борба“.

Пауза после долг марш на скии.

Советски одгледувач на ирваси со британски авиомеханичари на арктички аеродром

Урнатини во Сталинградската битка, една од најстрашните битки во Втората светска војна

Остатоци од фонтана – култна фотографија од разурнатиот Сталинград

Советски војници примаат подароци од американските работници

Дури и децата доброволно работеа во фабриките каде што се произведуваше сé што е потребно за фронтот: оружје, муниција, униформи и друго. Девојчето на фотографијата пакува гранати во фабрика.

Додека повеќето мажи беа на првата линија на фронтот, жените и децата се грижеа за домаќинството, работеа и се трудеа да преживеат. Довчерашните ученици растеа преку ноќ. На фотографијата ученици чуваат крави.

Пионери и учители подготвуваат огрев за училиштето и блиските куќи.

Студенти вежбаат деконтаминација на хемиски и радиоактивни супстанци.

Има доволно малини за џем.

Девојките шијат сé што им е потребно на војниците на фронтот.

Млад тракторист.

Во советско време се веруваше дека уметноста го забрзува оздравувањето и затоа многу музичари ги посетуваа воените болници, па дури и фронтот, и настапуваа пред војниците.

Претстава за морнарите на Северната флота.

Советските жени исто така активно учествуваа во борбата против нацистите. Меѓу нив имаше исклучително храбри пилоти, артилерци и, се разбира, болничарки. На фотографијата е познатата снајперистка Људмила Павличенко на позиција.

Партизанка молзе крава.

Една од најмрачните страници на Втората светска војна беше опсадата на Ленинград, која траеше речиси 900 дена. Луѓето беа отсечени од слободната територија и мораа да преживуваат без храна и огрев. На фотографијата жителки на Ленинград садат зеленчук во самиот центар на градот, веднаш до Исакиевскиот соборен храм (кој нацистите не го бомбардираа затоа што им служеше како ориентир).

Луѓето со сите сили се трудеа да го организираат животот под опсада. Театрите во Ленинград работеа нормално, како и државните институции.

Музејот Ермитаж го евакуираше најголемиот дел од својата бесценета колекција, но рамките за слики беа оставани со надеж дека ремек-делата ќе бидат вратени, па затоа ќе биде полесно да се стави сè на своето место.

Композиторот Дмитриј Шостакович настапува во Москва.

И покрај сите ужаси на војната, зачувани се и фотографии од тоа време од кое се гледа дека луѓето водат вообичаен живот, како овие работници во колхоз за време на пауза.

Голем собир на пионери.

Пионери во Домот на сојузот.

Пионери играат фудбал.

Млади московјанки одат на училиште.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња