Како изгледаше Русија 1952 година (ФОТО)

Мултимедијален Арт Музеј во Москва/Московски дом на фотографијата / Russia in photo
Режимот на Сталин повеќе не беше толку суров и животот во Советскиот Сојуз конечно се врати во нормала по разорната војна, отворајќи простор за нови индустрии, активности и надежи.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Раните педесетти години беа време на создавање на најпрепознатливите советски градби во Москва, Сталиновите облакодери, таканаречените „седум сестри“. А децата од многу градски градинки можеа од дворот да гледаат како тече нивната изградба.

Еден од облакодерите кој прв беше завршен беше станбената зграда на Котељническиот кеј. Можете да ја видите во позадината на оваа фотографија на која камион истура исчистен снег во реката.

Еден од најважните настани таа година беше отворањето на бродскиот канал Волга-Дон долг 101 километар.

На фотографијата се гледа како работниците на Балтичкото бродоградилиште во Ленинград одат на работа.

Физички работници на пристаништето во Новоросијск на пауза.

Автомобили „Москвич-400“ произведени во советската фабрика за автомобили „Москвичˮ.

Во работилница за тестирање мотори во московска фабрика.

Парадоксална фотографија: Конференција на сите црковни и верски организации, дозволена од советските власти, со патријархот Алексеј I во средината, под портретот на Сталин.

Поетот Сергеј Михалков, автор на текстот на советската химна, и неговиот син Никита Михалков, иден познат руски филмски режисер.

Масовен старт на трката долга 100 километри во рамките на Сесојузното натпреварување во мотоспорт.

И митинзите беа дел од советскиот живот. Овде е прикажан митинг по повод 1 мај, Денот на мирот, трудот и пролетта.

Мајската воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

„О, спорту, ти си мир!ˮ Овде се прикажани учесници на масовното спортско натпреварување под називот „Спартакијадаˮ, создадено во СССР.

Сталин ја набљудува прославата на 1 мај од Мавзолејот на Ленин на Црвениот плоштад во Москва.

Жени собираат сончогледово семе.  

Селска продавачка на весници со најновите изданија.

Концерт на отворено за колхозни работници.   

Галина Уланова како Аврора во „Лебедовото езероˮ на сцената на Кировскиот театар (денешен Мариински театар) во Ленинград (Санкт Петербург).

Едно од ретките нешта што не се променија низ епохите: театарот Болшој во Москва.

Оперската дива Ирина Масленикова пробува бунда.

Новата метро-станица „Белорускаˮ на кружната линија, отворена 1952.

Колхозни работници товараат жито во вагони.

Пациентка на забар.

Ова не е само поштенско возило, туку и мобилна телеграфска канцеларија.

Советскиот Сојуз беше познат по шаховските велемајстори и жените не беа исклучок во своето мајсторство. На фотографијата можете да ја видите советската шахистка Валентина Белова (лево) за време на партија на Меѓународниот женски шаховски турнир во Москва.

„Документите, ќе ве молам!ˮ

Деца од пионерскиот камп „Артекˮ во прошетка на плажа.

Советските пионери обожаваа да моделираат бродови...

… и авиони.

Детскиот ансамбл на песни и танци во московскиот Пионерски дом 25 години го предводеше Владимир Локтев (а денес го носи неговото име).

Отворање на Домот на култура за работниците во Челјабинск.

Советските власти го забранија Божиќ, но дозволија прослава на Новата година со нов симбол: новогодишната елка. Празникот беше специјално прилагоден за децата, кои тогаш добиваа подароци.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња