Путин на Пискарјовските гробишта им оддаде почит на жртвите на опсадата на Ленинград

kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин ги посети во четвртокот, 27 јануари, Пискарјовските меморијални гробишта во Санкт Петербург за да им оддаде почит на жителите и заштитниците на Ленинград, жртвите на опсадата која заврши пред точно 78 години.

Шефот на руската држава положи букет цвеќе на заедничката гробница во која, како што е утврдено врз основа на документите, е погребан неговиот брат. Тој починал како дете за време на опсадата. Потоа, поминувајќи по централната алеја на Пискарјовските гробишта, претседателот на Русија положи венец на споменикот „Мајка-Татковина“.

Пискарјовските гробишта се најголемата колективна гробница од времето на Втората светска војна, во која почиваат околу половина милион жители и бранители на Ленинград под опсадата. Овде, во северните предградија на градот, се вршеле масовни погребувања за време на најсуровата зима под опсада 1941-1942 година, кога секојдневно во градот умирале од глад, студ и бомбардирање по неколку илјади луѓе. Денес се утврдени само 150000 имиња на луѓе кои се закопани на ова место, потрагата продолжува, но историчарите сметаат дека повеќето од оние што почиваат тука засекогаш ќе останат непознати.

Путин е роден во Ленинград 1952 година. Редовно учествува во настаните со кои се почитува споменот на опсадата. За претседателот тоа е исто така многу лична, семејна трагедија. Таткото на шефот на руската држава Владимир Спиридонович Путин се борел на местото каде што денес се наоѓа споменикот „Граничен камен“. Мајката на Путин ја поминала целата опсада во Ленинград и ги преживеала сите тешкотии. Постариот брат на Путин - Виктор, погребан во една од заедничките гробници на Пискарјовските гробишта, починал од дифтерија во текот на зимата под опсада во 1942 година.

Опсадата на Ленинград траеше 872 дена. Ги одзеде животите на стотици илјади жители на градот, до денес историчарите не можат да ја кажат точната бројка, а процените се движат од 500 илјади до 1,5 милиони луѓе. Опсадата траеше од 8 септември 1941 година до 27 јануари 1944 година, но целото тоа време животот во градот не прекинуваше: работеа претпријатијата, училиштата и културните институции. Битката за Ленинград битка влезе во историјата како една од најдолгите и најкрвавите во Втората светска војна.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња