„Тврдоглави Руси!“ Објавени писма на германски војник за опсадата на Ленинград

Противавионска одбрана на Ленинград. Во позадина Исакиевскиот храм.

Противавионска одбрана на Ленинград. Во позадина Исакиевскиот храм.

Давид Трахтенберг/Sputnik
„Не можеш ни да замислиш колку се тврдоглави тие Руси. Стотици од нив се тркалаат на мразот и повторно нé напаѓаат секојдневно“ - вака Германец ги опишува борбите зимата 1941-1942 година и истовремено додава дека никому нема да дозволи да излезе од опколениот Ленинград.

Германскиот весник Die Welt објави како Валтер Годел им пишува на своите дека патот на Источниот фронт е „нешто најдобро што доживеал“. Син е на обичен германски селанец и никогаш претходно не видел ништо подалеку од своето родно село во Швабија.  

Се бори во 18-та армија на групата „Север“. Германските трупи го затегнуваат обрачот околу Ленинград. Опсадата трае три години по цена на животот на скоро милион жители на градот. А Годел во своите писма пишува дека сето тоа „не е лошо“.

Во септември 1941 година праќа дома писмо во кое пишува: „Цело време сум многу добро. Вчера го имав првото огнено крштевање“. На почетокот неговиот ентузијазам го делат многу германски војници за по извесно време да ја почувствуваат и другата страна на медалот, пишува во наведената статија.

„Не можеш ни да замислиш колку се тврдоглави тие Руси. Стотици од нив се тркалаат на мразот и повторно нé напаѓаат секојдневно“ - вака Германецот ги опишува борбите зимата 1941-1942 година и истовремено додава дека никому нема да дозволи да излезе од опколениот град.

Подоцна Црвената армија го пробива обрачот јужно од Ленинград, па неколку илјади Германци се наоѓаат во стапица во близина на Холм. Баталјонот на Годел тргнува да им помогне и претрпува големи загуби.

Многу германски војници починуваат од глад, студ и болести во битката за Холм. Годел се здобива со смрзнатини. На крајот на февруари го евакуираат тенковските трупи. Во неговиот баталјон гинат или се ранети 383 војници, а тешките борби траат до мај.

Од поранешниот ентузијазам и „извонредното“ расположение на Годел не останува ни трага. Тој пишува за синчето на неговата сестра Марија: „Ако некогаш само и си помисли да си игра војна, има да го исшибам. Подобро е да го научам да танцува“.

Во ноември 1943 година Годел соопштува дека неговиот одред е во критична ситуација.

„Во секој случај, засега сум здрав и без оглед на сé, се надевам дека уште ќе се гледаме!“, пишува тој.

Валтер Годел е тешко ранет во борбите кај Невел на 27 февруари 1944 година, еден месец откако конечно е пробиен обрачот околу Ленинград. Истата вечер им подлегнува на раните.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња