Трагачи-волонтери го најдоа гробот на постариот брат на Путин, настрадан при блокадата на Ленинград

Комсомолскаја Правда/Global Look Press
Како што рече Путин, неговиот брат бил погребан во заедничка гробница на Пискарјовските гробишта во Санкт Петербург. Родителите, патем, не знаеја каде се наоѓа телото на братот, нагласи тој. „Сè што добија беше парче хартија на кое пишуваше дека умрел за време на блокадата“, додаде претседателот.

Гробот на постариот брат на Владимир Путин, кој загинал за време на блокадата на Ленинград, го пронајдоа волонтери од одредот за пребарување. За ова зборуваше рускиот лидер на седницата на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, пренесуваат руските медиуми.

Шефот на руската држава додаде дека трагачите ја пронашле дури и конкретната делница. На тој начин Путин одговори на прашањето за потрагата по местата каде што се закопани жртвите на политичките репресии. Претседателот го оцени ангажманот на луѓето вклучени во потрагата како добар и благороден.

Владимир Путин носи фотографија од својот татко во „Бесмртниот полк“ во Москва

Путин во 2015 година во руското списание „Пионер“ објави текст во кој се зборува за животот на неговото семејство за време на Втората светска војна. Претседателот детално опиша како се борел неговиот татко, како ја спасил својата мајка за време на блокадата и како загинал неговиот постар брат. Како што нагласи тој, тој успеал да дознае за местото каде што е погребан неговиот брат врз основа на резултатите од спроведените истражувања што се наоѓаат во архивите.

Блокадата на Ленинград започна на 8 септември 1941 година и траеше 900 дена. Според различни податоци, за време на блокадата загинале помеѓу 400 илјади и 1,5 милиони луѓе.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња