Во објективот на американскиот шпион: Уникатни фотографии на СССР од 1950-тите

Кира Лисицка (Photo: Culture Club/Getty Images)
Мајорот Мартин Манхоф скришно снимаше некои од најважните настани од времето на Советскиот Сојуз и беше протеран од земјата под обвинение за шпионажа.

Во 2014 година, една постара дама во Киркленд, неколку милји источно од Сиетл, почина, оставајќи ги своите лични работи на еден семеен пријател затоа што таа и нејзиниот сопруг, кој почина во 2005 година, немаа деца. Додека ги испитувала предметите на двојката, наследничката открила нешто што не можела да го разбере и му се обратила на историчарот и писател Даглас Смит за помош.

Кога Смит, експерт за руска историја, пристигнал во домот на починатите, тој нашол извонредно откритие: куп метални кутии со ленти од 16 милиметри.

Ја зедов едната и се воодушевив од знакот со молив што го видов: „Погребот на Сталин.“ Продолжував да барам низ кутиите, при што најдов една полна со фотографски слајдови. Зедов една од нив и ја држев наспроти светлото. Тоа беше улична сцена од Москва. очигледно од педесеттите години на минатиот век, и боите беа одлични. Ги ставив кутиите на подот: имаше илјадници слајдови. Не можев да им верувам на моите очи. И реков на наследничката дека Мартин оставил нешто посебно зад себе и таа ме замоли да земам што сакам и да се обидам да најдам добар дом за работите“, рече Смит подоцна.

И како што излезе, тој ја изврши оваа молба. Целокупната архива, која содржи уникатни снимки од животот на Советскиот Сојуз во педесеттите години од минатиот вел, беше објавена од Радио Слободна Европа / Радио Слобода, заедно со приказната за авторот, мајорот на американската армија Мартин Манхоф.

Манхоф е роден во 1917 година и дипломирал на Универзитетот во Вашингтон. По дипломирањето стапил во американската армија и се борел во Европа за време на Втората светска војна. По војната се вратил во САД и во 1950 година се оженил со жена по име Жанет Козицки.

Набргу потоа, во 1952 година, двојката се пресели во Советскиот Сојуз, каде Манхов бил назначен за помошник воен аташе во американската амбасада. Вооружен со фотографска опрема и поглед на уметник, Манхоф направил уникатни фотографии од една од најизолираните земји во светот во раните денови на Студената војна.

Најславните денови на Манхоф дошле на 9 март 1953 година, кога ги направил највредните фотографии од еден од прозорците на американската амбасада, кој во тоа време се наоѓал на улицата Моховаја во Москва.

На вистинското место и во вистинско време, Манхоф имал уникатна перспектива за снимање на еден од најважните настани во тоа време на светот - погребот на советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Погребот на Јосиф Сталин

Пред да се отворат архивите на Манхоф, немаше независни снимки од погребот на Сталин - единствената визуелна трага беа материјалите одобрени од Советскиот Сојуз.

Затоа, фотографиите направени од американскиот мајор даваат уникатен и независен поглед на еден од клучните настани во историјата на Советскиот Сојуз.

На снимката на Манхоф се гледаат стотици војници кои го придружуваат ковчегот на Сталин до Црвениот плоштад, каде што подоцна неговото тело беше положено веднаш до телото на Ленин.

„Една од снимките на Манхоф од погледот на тогашната американска амбасада покажува толпа народ како се приближува кон блискиот плоштад Манежнаја, додека стотици луѓе брзаат кон блискиот премин на Кремљ, кој директно води кон Црвениот плоштад.

Другите снимки ги прикажуваат војниците кои го чуваат Кремљ како скокаат горе-долу и плескаат со рацете во обид да се стоплат на студениот ден во март - нешто што не е видено во кој било официјален филм, пренесува РСЕ / РЛ., кој ја објавува архивата „Манхоф“ и има ексклузивен пристап до филмовите обезбедени од историчарот Даглас Смит.

Покрај погребот на диктаторот, страстниот патник и фотограф Манхоф го фотографирал и неговиот секојдневен живот во СССР на местата што ги посетил додека бил во земјата.

Манхоф ја фотографирал брзата повоена изградба во Москва, пазарите на Крим, советските граѓани кои секојдневно извршуваа работи и советското село додека патувал со воз.

Иако фотографиите на Манхоф секако беа користени за разузнавачки цели, бидејќи „ѕиркаат во огромните промени во СССР, закрепнувајќи се од разорната Втора светска војна и влегувајќи се подлабоко во Студената војна“ - тие исто така имаат невидени уметнички квалитети. Мајорот Манхоф сигурно имал око на голем уметник и фотограф.

Опсесијата на Манхоф со снимањето на животот во СССР нагло запре откако беше протеран од СССР под обвинение за шпионажа во 1954 година.

Наводниот шпион успеал нелегално да ги пренесе неговите двегодишни дела, кои добија публицитет дури откако беа дигитализирани и објавени во март 2017 година и предизвикаа голем интерес и кај Русите и кај Американците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња