Оваа информација ја наведува The Drive повикувајќи се на материјали на Стејт департментот на САД од кои е симнат печатот на државна тајна.
Американскиот магазин истакнува дека таквата подготовка на Москва за војна била резултат на „многу сериозно недоразбирање“, предизвикано од дејствијата на НАТО во рамките на командните маневри Able Archer 83, „во текот на кои е проверена способноста на силите на Алијансата ширум Европа и надвор од нејзините граници да водат нуклеарна војна и таа проверка беше мошне автентична“.
Според планот на воената вежба Able Archer 83, на нуклеарниот конфликт му претходеше примена на хемиско оружја од страна на „виртуелен непријател“.
Од објавениот материјал се гледа дека 16 воздухопловна армија, распоредена во Источна Германија, на 2 ноември 1983 година ја подигнала борбената готовност на своите авиони, наоружани со нуклеарни проектили, и дека екипажите на тие авиони добиле инструкции да „уништуваат непријателски цели на првата линија“.
Во јануари порталот Over Defense врз основа на податоците на американската организација Center for Naval Analyses (CNA) објави сценарио за превентивен напад на НАТО врз Калининградската област кој подразбира ликвидација на четири главни цели во тој регион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче