Колку важна улога одиграле коњите и кучињата во Втората светска војна е добро познато. Меѓутоа, ретко кој знае дека значително помали животни се покажале подостојно. Војска полски глувци, иако несвесни за тоа, зеле активно учество во битката за Сталинград на страната на советските сили.
Жртва на патриотски расположените глодари била 22 тенковска дивизија на 48 тенковски корпус на германската војска. И додека озлогласената шеста армија на Фридрих Паулус навалила кон Волга, целосно заглавените во крвавите градски борби тенкисти биле во резерва.
Фридрих Паулус
German Federal ArchivesНеколку месеци нивните лесни тенкови Pz. 38(t) од чехословачко производство стоеле во полињата, скриени во длабоки ровови и заштитени со слама од мразовите што надоаѓаа. Со оглед на тоа дека имало малку гориво, морало да се штеди, па моторите не се палеле туку-така.
Црвената армија на 19 ноември 1942 година започна голема операција за опсада на силите на Паулус под назив „Урал“. Биле напаѓани главно положбите на слабите романски единици кои се наоѓале на крилата на Германците. Дваесет и втората дивизија доби наредба веднаш да тргне и да ја поддржи третата романска армија која се наоѓала на граница на катастрофа.
Во тој момент дошло до непријатно изненадување. Дел од тенковите едноставно не сакале да запалат, а друг дел се расипал среде маршот. Како што излегло дефектите биле предизвикани од глувците од сламата кои ги изгризале деловите од електричните инсталации. На крајот во решавачкиот момент за борбата од стотина тенкови биле подготвени нешто повеќе од триесет. Згора на тоа ослабената дивизија почнала да добива контроверзни наредби што уште повеќе го забавувало нејзиното напредување. На крајот таа успеала да се спои со првата романска тенковска дивизија и по упорните борби против советскиот корпус во реонот на населбата Песчани била принудена да се повлече.
Според историчарот Алексеј Исаев, застарените чехословачки лесни тенкови и во полн состав тешко дека би можеле да ја запрат масовната офанзива на Црвената армија. „Доколку знаеме дека значаен дел од тенковскиот парк на 22 дивизија бил составен од Pz. 38(t), може да се каже дека без смелата акција на глувците-диверзанти нејзината борбена вредност би била под знак прашање“.
Германците мошне сериозно се поставиле кон настанот со глувците во 22 тенковска дивизија. Во директивата на Врховната команда на копнените сили од 5 декември 1942 година се наведува: „Неопходно е да се води сметка ваков инцидент да не се случи повторно под никакви околности, и меѓу другото функциите на тенковите и на другите моторизирани транспортни средства постојано да се проверуваат. На сите единици треба да им се дадат соодветни упатства“.
Заслугите на малите херои индиректно ги истакнал и Адолф Хитлер кој несреќата на 22 тенковска дивизија ја сметал за една од главните причини на сталинградскиот пораз. Во наредбата за оддалечување на командата на 48 тенковски корпус на Фердинанд Гејм од редовите на вооружените сили тој тврдел: „Наместо со користење на сите средства и без оглед на сè, да се пробие кон романската тенковска дивизија, 22 тенковска дивизија дејствуваше бавно и неуверливо. Токму поради тој целосен неуспех на 48 тенковски корпус можеше да настане ситуација која доведе до опколување на третата романска армија, и со самото тоа, катастрофа, чии монструозни размери и страшни последици сè уште не се дефинирани“.
Крупната нацистичка ѕверка во небрано: Како капитулирал фелдмаршалот Паулус?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче