Првиот отворен судир помеѓу двајцата револуционерни водачи се случил летото 1918 година за време на одбраната на Царицин (идниот Сталинград) кој бил опколен од белогардејците. Градот бил од исклучително значење зашто низ него поминувале патиштата за снабдување на реонот на Централна Русија со храна.
Сталин, Ворошилов и Шчаденко во Царицин
Митрофан ГрековВо јуни во Царицин за решавање на проблемот со организација на испораките на намирници стасал Сталин, кој во тоа време бил на позицијата народен комесар (министер) за националности. Добивајќи ја поддршката на Ленин, ги проширил своите овластувања и на прашањата поврзани со одбраната на градот.
„Линијата јужно од Царицин сè уште не е воспоставена“, му напишал Сталин на Ленин на 18 јуни. „Ги прогонувам и ги карам оние што треба, со надеж дека наскоро ќе ја воспоставиме. Кога нашите воени 'стручњаци' (неспособни!) не би спиеле и не би биле мрзеливи, линијата не би била прекината, а ако повторно биде воспоставена, тоа нема да биде благодарение на нив, ами и покрај нив“.
Сталин
Global Look PressТокму прашањето за воените стручњаци, поранешните офицери на царската војска, било пресудно во односите помеѓу Сталин и Троцки. Идниот „татко на советските народи“ бил решително против тоа царските офицери да се поставуваат на високи позиции во Црвената армија, сметајќи дека се несигурни и дека се подготвени во секој момент да ја изневерат револуцијата.
Спротивен став имал народниот комесар за воени прашања Лев Троцки. Негова е заслугата што добро обучените професионални воени кадри на царската војска преминувале во служба на болшевиците. Така во составот на Црвената армија се нашле над 250 царски генерали.
Ленин и Сталин
Global Look PressСталин успеал да издејствува на поранешниот царски генерал Андреј Снесарев да му се одземе командата над Севернокавкаскиот воен округ. Помладите командири поминале дури и полошо. Врз основа на сомнеж дека се занимаваат со контрареволуционерна дејност, Сталин наложил да биде уапсена целата артилериска команда, вклучувајќи ги и пониските чинови. Тие биле натоварени во таканаречениот „брод на смртта“ (пловечки затвор кој се користел за време на Граѓанската војна) на средината на Волга, каде наскоро починале поради тешките услови на заробеништво.
Генерал Снесарев, 1917 година
Public domainИменувањето на Павел Ситин, исто така поранеше царски генерал, за командант на Јужниот фронт, што Троцки го направи во септември, исто така предизвикало силно негодување кај Сталин. „Неопходно е на Централниот комитет на партијата да се разгледа прашањето за однесувањето на Троцки кој ги омаловажува најугледните членови на партијата во корист на предавниците од редовите на воените стручњаци и на штета на интересите на фронтот и на револуцијата. Треба да се постави прашањето за тоа дека е недозволиво Троцки да издава директни наредби... Треба да се преиспита прашањето на воените стручњаци од таборот на непартиските контрареволуционери“, било напишано во телеграмата упатена до Ленин.
Сталин отворено ја игнорирал наредбата на Троцки на Ситин да му се даде целосна власт во водењето операции и дури основал алтернативен центар на команда. Често на многу одлуки на народниот комесар за воени прашања тој издавал директива: „Да не се зема превид“.
Лев Троцки
Global Look PressСталин и Троцки не успеале да постигнат консензус по ниту едно прашање кое се однесува на водењето на одбраната на градот. Постепено нивниот конфликт достигнал степен на отворено непријателство.
„Генерално ситуацијата изгледа така што Троцки не може да пее без фалцет, ниту да прави нешто без упадливи гестови, при што јас не би имал ништо против тие гестови доколку притоа не би страдале интересите на нашиот заеднички потфат. Затоа Ве молам, додека сè уште не е доцна, да го смирите Троцки и да го сведете на неговите рамки, зашто се плашам дека наредбите од хир на Троцки ќе внесат раздор помеѓу армијата и командниот состав и дефинитивно ќе го уништат фронтот“, пишува во телеграмата на Сталин до Ленин од 3 октомври.
Ленин и Сталин
Global Look PressСледниот ден збеснетиот Троцки од Тамбов му телеграфирал на шефот на државата, барајќи Сталин да биде оддалечен од градот. Во емотивен жар дури и згрешил збор во телеграмата: „Царицин треба да се потчини или да се тргне“.
На крајот Ленин застанал на страната на Троцки, повикувајќи го на 19 октомври Сталин да се врати во Москва. Иако во воената команда дошло до сериозни несогласувања, војската успеала да го задржи градот. Тој паднал дури летото 1919 година поради неуспешната контраофанзива на Црвената армија.
Одбраната на Царицин
Митрофан Греков„Токму тие денови (во ноември – Russia Beyond), повлечен од Царицин, со длабок бес и со желба за одмазда во душата, Сталин ја напишал својата куса статија посветена на јубилејот на револуцијата. Целта на статијата била да се зададе удар на престижот на Троцки, против него да се крене Централниот комитет на чело со Ленин. Оваа јубиларна статија изроди притаена омраза“, пишува подоцна во своите сеќавања поранешниот народен комесар за воени прашања.
Конфликтот во Царицин бил првата фаза од повеќегодишниот жесток судир помеѓу двете највлијателни фигури на болшевичкото движење. Тој е завршен дури на 20 август 1940 година, кога Троцки, кој бил протеран од СССР, по наредба на Сталин бил убиен во Мексико.
Троцки
Global Look PressПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче