Како Сталин ги убеди Черчил и Рузвелт дека нацистите треба да одговараат за злосторствата

commons.wikimedia.org
Советскиот Сојуз уште од почетокот на Втората светска војна се залагаше нацистичките злосторници судски да одговараат за своите недела.

Ова го изјави претседателот на Руското историско друштво и директор на Службата за надворешно разузнавање на РФ Сергеј Наришкин во интервју за новинската агенција ТАСС.

„Советското раководство уште на почетокот на Втората светска војна се носеше со мислата за судење на нацистичките злосторници“, рече тој. „Есента 1942 година, додека тешката Сталинградска битка сé уште беше во тек, советската влада донесе декрет за одговорноста на фашистичка Германија за злосторствата извршени на окупираните територии на СССР и Европа“.

Сергеј Наришкин

Западните лидери, меѓутоа, како што изјави тој, се раководеа според поинаква логика. „Лидерите на САД и Велика Британија -Рузвелт и Винстон Черчил- не сакаа во јавен судски процес на виделина повторно да испливаат непријатни епизоди и факти од историјата на Втората светска војна.  
Не сакаа да се сеќаваат ни на аншлусот на Австрија, ни на Минхенскиот договор, по кој е распарчена Чехословачка. Тогаш всушност е одлучено дека Втората светска војна е невозможно да се избегне. Како резултат на тој договор западните лидери го легализираа движењето на нацистичка Германија на исток“, истакна Сергеј Наришкин.

Сепак, како што истакна тој, Сталин и советските дипломати успеаја да ги убедат сојузниците во рамките на големата тројка дека моралната победа над нацизмот повеќе вреди од штетата нанесена на угледот. „Освен тоа, Сталин успеа да ги убеди Черчил и Рузвелт дека мирот во Европа може да се изгради само врз цврсти темели на правосудството“, рече Наришкин.

Прочитајте повеќе: Путин: Злосторствата на нацистите не застаруваат (ВИДЕО)

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња