Загубите на СССР во Втората светска војна проценети на 50 милиони луѓе

Советскиот Сојуз изгуби околу 50 милиони луѓе - директно и индиректно како резултат на Втората светска војна, изјави потпретседателот на Меѓународната асоцијација на јавни обвинители (IAP) Александар Звјагинцев, кој до неодамна беше заменик државен обвинител.

„Вкупните загуби на Советскиот Сојуз се речиси 50 милиони луѓе. Тоа се директни и индиректни човечки загуби на нашата земја во Втората светска војна – како загинати, така и подоцна починати од здобиените рани“, рече Звјагинцев, говорејќи во Москва на конференцијата посветена на 70-годишнината на Меѓународниот воен суд во Нирнберг, пренесува „Интерфакс“.

Во овие бројки се вклучени и таканаречените демографски загуби - неродените деца на загинатите.

„Наведените загуби се споредливи со населението од голем број европски земји - од Скандинавија до Балтикот. Тоа е цената што нашиот народ ја плати за победата над фашизмот“, истакна Звјагинцев.

Токму затоа, смета тој, „никогаш не треба да се заборават лекциите од Нирнбершкиот процес - во спротивно, ние ќе се соочуваме со поимот кој се нарекува „украдена победа“. Како пример, потпретседателот на IAP на потсети на податоците од неодамнешна анкета спроведена во европските земји, според која, само 12% од испитаниците го наведоа СССР како победник над фашизмот во Европа.

„Токму тоа е украдена победа“, изјави Звјагинцев, автор на бројни книги и филмови за процесот на векот над нацистите.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња