1. Железничката пруга која од Москва води во Коломна била изградена во 1862 година. Стариот град со своја тврдина тогаш стана и индустриски центар. Тука никнала фабрика за производство на парни локомотиви и голем мост преку реката Ока.
Шерер, Набгольц и Кº»/МАММ/МДФ
2. Транссибирската железница е еден од најголемите градежни потфати на Руската империја. На фотографијата работниците градат мост на уралската делница. Изградбата траела од 1885 до 1899 година.
Државен историски музеј на Јужен Урал
Зошто Русија ја изгради Транссибирската железница
3. Беломорско-балтичкиот канал е изграден во рекорден рок, 227 километри за помалку од две години (1931-1933). Меѓутоа, тоа е една од хидроелектраните која ја бие лош глас. При нејзината изградба загинале 12 илјади работници, затвореници во ГУЛАГ-от.
Александар Родченко/МАММ/МДФ
4. Една од првите хидроцентрали во СССР е изградена на реката Днепар. Изградбата започнала во 1927 година, а за оваа хидроцентрала била купувана странска опрема. При работата се пуштени неколку агрегати, но во Втората светска војна за време на повлекувањето на советските единици, НКВД решил да ја крене во воздух. Обновена е дури по војната.
Непознат автор/МАММ/МДФ
5. Во Москва првата линија на метрото се појавила уште во триесеттите години на минатиот век, а големото проширување и продолжување на оваа линија е спроведено по војната, во педесеттите години. Еден од најамбициозните проекти беше изградбата на Метромостот преку реката Москва кои ги спојува Лужницкиот кеј и МДУ со центарот на Москва.
Владислав Микоша/МАММ / МДФ
6. Прочуените Сталинови облакодери беа главното московско градилиште во педесеттите години од минатиот век. Првобитно била планирана изградба на девет облакодери, за на крајот да бидат подигнати само „седум сестри“. На фотографијата лево снимена е изградбата на облакодерот на Котељнически кеј, а десно МДУ.
Владислав Микоша МАММ/МДФ, Евгениј Умнов, Здружение на уметнички фотографи на Русија
7. Оваа фотографија како да е снимена за време на изградбата на египетските пирамиди, а всушност станува збор за народна изградба на Големиот фергански канал. Тој бил потребен за наводнување на огромните плантажи со памук во Узбекистанската, Киргистанската и Таџикистанската република, кои тогаш влегувале во составот на СССР. Во текот на 1939 и 1940 година во изградбата учествувале околу 160 илјади колхозници.
Макс Алперт/МАММ / МДФ
8. Во педесеттите години од минатиот век започнува масовна изградба на хидроцентрали со голем капацитет. На фотографијата се гледа изградба на Волшката хидроелектрана во Волгоградската област.
Михаил Озерски / Sputnik
9. Фотографии од градилиштата на прочуената Братска хидроцентрала на реката Ангара. Кога била пуштена во 1961-1966 била најмоќната хидроцентрала во целиот свет. Меѓутоа, во 1971 година ја надминала Краснојарската хидроцентрала на реката Енисеј.
Валериј Шустов / Sputnik
10. Сталин во 1935 година го донел Генералниот план за реконструкција на Москва кој вклучувал голема изградба на станбени објекти, метро, проширување на улиците и започнување на изградба на нови патишта. Поради тоа, да кажеме, на главната улица, Тверскаја, се поместувале куќи! Проспектот Калинин (денешен Нови Арбат) е „пробиен“ веќе на почетокот на шеесеттите години од минатиот век, по смртта на Сталин.
Дмитриј Баљтерманц
11. Сајанско Шушенската хидроцентралата на реката Енисеј во овој момент е најголема во Русија. Нејзината изградба започнала во Сајанските планини во 1963 година, а комплетно е завршена во 2000 година. Оваа фотографија датира од 1972 година.
Владимир Первенцев / Sputnik
12. Пругата на Бајкалско-амурската магистрала на Далечниот Исток во Русија во должина од 4.300 километри е една од најголемите на светот. Градена е од 1932 до 1984 година. На фотографијата е забележана завршната фаза. На почетокот за работата на пругата е формиран оддел од ГУЛАГ. Во тешки услови карактеристични за северот работеле околу 160 илјади затвореници.
Александр Абаза/МАММ / МДФ