Како се поместувале зградите во СССР

Извор: ТАСС

Извор: ТАСС

Советската архитектура својата грандиозност и оригиналност не ја заснова само на талентираните архитекти, туку неретко и на смелата досетливост на инженерите и градежниците. „Руска реч на македонски“ ви ги претставува некои од најнеобичните градежни и конструкциски решенија, благодарение на кои се подигнати или сочувани од уривање некои од најзначајните московски градби од минатиот век.

Практиката на поместување градби во Русија започнала уште пред Октомвриската револуција. Познато е дека во 1812 година во градот Моршанск во Тамбовската губернија столарот Дмитриј Петров поместил дрвена црква неколку метри, зашто на нејзиното место требало да биде подигнат нов камен храм. Одлучено било старата црква да не се урива, туку да се помести настрана. 

Но, сè до првата третина на 20 век ваквите случаи биле реткост. Практиката на поместување згради станала масовна дури во советско време кога во престолнината и во индустриските градови започнала масовна изградба на нови згради и населби. Во рударската населба во градот Криви Рог (денес во Днепропетровската област во Украина) во 1935 година за 250 метри била поместена зграда тешка 1.500 тони, додека во градот Макеевка (денес во Донецката област во Украина) била поместена еднокатна градба тешка 1.300 тони. Во Москва првата зграда што се „преселила“ била еднокатна трафостаница во близина на Тверската улица. Таа во 1935 година била поместена за 25 метри. Проектот на преместување на трафостаницата го водел инженерот Емануил Гендељ, кој подоцна важел за најголем стручњак во СССР за поместување згради.

Отворена работа на Московскиот метрополитен (1933 година). Извор: РИА Новости

Кон средината на 30 години од 20 век во руската престолнина биле поместени вкупно десетина многукатници. Најинтересно е тоа што за време на овие поместувања, станарите не биле иселувани од зградите и дека комуналната мрежа функционирала непречено. Процедурата се состоела во следново: покрај темелите на зградите биле поставувани челични патеки, на нив биле правени специјални отвори во кои се поставувале прагови и шини. По нив зградата се поместувала во посакуваниот правец.

Кон средината на 30 години од 20 век во руската престолнина биле поместени вкупно десетина многукатници. Најинтересно е тоа што за време на овие поместувања, станарите не биле иселувани од зградите и дека комуналната мрежа функционирала непречено.

Токму оваа техника довела до спасување на голем број згради од времето пред Октомвриската револуција, кои според Генералниот план за реконструкција на Сталин од 1935 година биле предвидени за уривање. Во Москва во 1936 година основана е организација која ги спроведувала сите работи во рамките на проектот за преместување на градбите. Меѓу нив биле и зградите на тогашниот Московски градски совет (денешното градско собрание) на улицата Горки, зградата МХАТ (Московски уметнички академски театар) на Камергерската улица и станбената зграда на улицата Серафимович. Меѓу последните градби кои биле поместени во главниот град на Советскиот Сојуз биле двете згради на Научно-истражувачкиот институт за време на изградбата на Комсомолската авенија кон крајот на педесеттите години од 20 век.


Подготовки за преместување на зградата на Моссоветот на улицата Горки (1939 година). Извор: ТАСС

„Искривен“ облакодер 

Советските градежници на чело со инженерот Виктор Абрамов и архитектот Алексеј Душкин извеле експеримент кој дотогаш не бил забележан во советската практика. Тоа се случило за време на изградбата на облакодер на плоштадот Красние ворота во Москва во периодот од 1946 до 1952 година. Зградата која била висока 138 метри градена е паралелно со предворјето на метро-страницата „Красние ворота“ чиј тунел се наоѓал 24 метри под земјата. Поради легнување на земјата под тежината на конструкцијата, облакодерот неизбежно ви се искривил во правец на тунелот, зашто длабоката дупка, која требало да биде излез од метрото, била ископана буквално под темелите на зградата. Според замислата на инженерот, требало најпрво да се направи предворјето на метрото, земјиштето да се нивелира, па дури потоа да започне изградбата на облакодерот. Но, бидејќи немало време за тоа, инженерите донеле одлука по вештачки пат да го замрзнат тлото (оваа постапка се користи во изградбата на метроа), а металните конструкции на облакодерот да се изградат под искосување од 16 сантиметри во спротивен правец во однос на метро-станицата. За време на одмрзнувањето на тлото, зградата се спуштила и зазела вертикална положба. Најмала грешка во пресметките можела да доведе до колапс на познатиот облакодер. 


Сталиновиот облакодер на улицата Садоваја-Спаскаја. Извор: Lori / Legion Media

Метро во ров 

Методот на изградба на метро со помош на копање ровови, кој се користел во триесеттите години од минатиот век за време на поставувањето на правите линии на московската подземна железница, е уникатен. „со оглед дека метрото требало да помине директно под станбените згради ан илиците Волхонка и Арбат, градителите на метрото донеле одлука да не ги поставуваат плитко тунелите (длабоки тунели не можело да се градат поради влажното земјиште од подземните води), туку да копаат ровови“, објаснува градежниот историчар Ајрат Багаутадинов. „Во земјата во ископаните ровови биле направени ѕидови од армиран бетон, а потоа биле покриени со плоча. Првите вакви делници биле изградени од метрото „Кропоткинска“ до станицата „Библиотека Ленин“ и од „Александровски сад“ до станицата „Смоленскаја“. Набрзо ваквиот метод на градба бил напуштен. Во Москва се појавиле првите станици со длабоки тунели. Методот на изградба со ровови подоцна не е користен ниту во СССР, ниту на друго место во светот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња