12 преубави глетки низ прозорец на воз на Транссибирската железница (ФОТО)

Georg Wallner/Mesto47
Во време кога патувањата се запрени, ве повикуваме на несекојдневно виртуелно патување низ Русија.

Што е првото што му паѓа на човека на ум кога ќе помисли на патување низ Русија со Транссибирската железница?

Најчесто првата асоцијација е седумдневното трускање во воз без одмор и бескрајна тајга насекаде наоколу.

Па сепак, новинарката Марина Дмуховска и фотографот Георг Валнер тврдат дека на патникот никогаш не му е здодевно на тоа долготрајно патување.

По враќањето од патувањето од Москва во Владивосток тие започнаа цел проект под називот „Mesto47“ каде што се претставени фотографии и приказни што ги слушнале во возот.

Ќе видите мали села со пријатен амбиент, храмови, советски железнички станици, фантастични реки и уште многу убави нешта.

„Ова е најоригиналната „ТВ-програма“ што некогаш сте ја виделе“, вели Марина.

Според неа, зајдисонцата се можеби и најпривлечните глетки на целото патување.

„На почеток постојано нешто фотографирате, а потоа се навикнувате на таа убавина и едноставно уживате во разговорот и пејзажите“, додава Марина.

Патувањето со Транссиб дури ја потсетило Марина на медитација. Доволно е да се набљудува таа бескрајна пруга за човек да почувствува некое внатрешно спокојство. А и да не зборуваме за ритмичниот тропот на тркалата.

Постојано очекувате од некоја шума да се појави мечка, но секако најинтересни се приказните што ги слушате од сопатниците додека пиете со нив чај.

На овој линк можете да видите и други фотографии направени низ прозорецот на возот, а во поткастот можете да ги слушнете приказните на сопатниците со кои Марина и Георг разговарале во возот на Транссибирската железница.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња