Мистериозниот „ајфон“ стар 2000 години не е телефон туку тока за појас

скриншот The Siberian Times
„Ајфонот“ пронајден на древни гробишта на територијата на Република Тува не е ништо друго освен тока за појас, вели професорката по археологија и водач на археолошката експедиција Марина Килуновска, пренесуваат руските медиуми.

„Предметот е пронајден 2017 година, а наскоро би требало да излезе статија за тоа “, објасни Килуновска и нагласи дека порано не се зборувало јавно за пронајдокот.

Во гробница стара повеќе од 2000 години, која припаѓа на епохата на Хуните, во текот на ископувањата е пронајдена голема правоаголна тока од камен, украсена со тиркиз, карнелијан и седеф, со големина 18 на 9 сантиметри. 

Археологот Павел Леус, кој го пронајде предметот во 2017 година, рече дека тој со својот облик повеќе потсетува на современ мобилен телефон. Поради тоа археолозите на шега ја нарекуваат жената од  гробницата Наташа, а токата „ајфон“.  

Појасот на погребената жена беше украсен со кинески парички, благодарение на кои научниците лесно ја одредија староста на гробницата и предметите. Најстарата паричка од сите познати од тој тип ја исковале кинеските мајстори пред 2137 години.

Народите од северна Кина дошле во Тува за време на Големата преселба на народите, а за тоа сведочи и овој археолошки споменик од тој период, кој беше откриен во Сајанското Море - џиновски резервоар создаден од луѓето по должината на реката Eнисеј, спротиводно на масивната брана „Сајано-Шушенска“, која пресушува напролет и на почетокот на летото секоја година, откривајќи импресивна колекција на остатоци кои датираат од бронзеното доба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња