Во Истринскиот реон на Московската област е откриена некропола која припаѓала на носителите на фатјановската култура, првите сточари и земјоделци во руската рамнина. Се проценува дека предметите пронајдени при ископувањето потекнуваат од периодот 2600-2500 година пред нашата ера, односно дека се стари најмалку четири и пол илјади години.
Некрополата ја открија соработници на институтот за археологија на Руската академија на науки при истражување на територијата на приватно училиште. При ископувањата се пронајдени воени и ритуални секири, врвови на копја, ножеви и погребни садови. Артефактите се во одлична состојба, иако се многу стари и потекнуваат од времето на изградба на Кеопсовата пирамида и царските гробници Ура во древна Месопотамија.
Научниците тврдат дека фатјановските гробници се најстариот споменик од бронзената доба на територијата на Подмосковјето. А освен тоа, се работи за многу ретки наоди. Имено, слични предмети претходно беа пронајдени пред повеќе од 25 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче