Руските археолози на Крим пронајдоа реткост: гроб на сарматско новороденче

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Reuters
Се проценува дека наодот датира од I-II век од новата ера.

Археолозите од Институтот за археологија на Крим при Руската академија на науките, со помош на волонтери на фондот „Археологија“, пронајдоа во гробницата на античката некропола Киз-Аул кај Керч гроб на новороденче од I-II век од н.е. со чинија за мириси и послужавник со остатоци од животински коски, соопшти директорот за развој на фондот Олег Марков, пренесува ТАСС.

„Во некрополата Киз-Аул е откриен редок и необичен гроб. Пронајден е двоен гроб, веројатно, на маж и жена, а можеби и на мајка со дете. Тешко е да се утврди точно, затоа што во древните времиња надгробната плоча се поместила и ги приклештила черепите. А под овој гроб беше пронајден гроб со новороденче и елементи на словенски погребен обред“, соопшти Марков.

Според него, во гробницата со новороденчето е пронајден балсамариум (сад за мириси) и тацна со остатоци од животински коски. Во двојниот гроб е пронајден сад со рачка во форма на дива свиња, каде веројатно се наоѓало вино или млеко.

Според него, откриените гробови ни овозможуваат да констатираме дека тие припаѓаат на сарматската култура и дека датираат од I-II век од нашата ера.

„Во гробовите има елементи на словенскиот погребен обред тризна. Тоа не се грчки гробови, затоа што старите Грци често не ставале ништо во гробовите. Тоа ја потврдува теоријата дека овие луѓе живееле во Босфорското Царство и зборувале грчки, но дека ја зачувале својата сарматска култура“, објаснува Марков.

Според него, експедицијата ќе трае до 25 август 2019 година. Сега се во тек конзерваторските работи. Тој посочи дека во 2020 година ископувањата ќе продолжат, а планирани се и ископувања во две тврдини кај Керч.

Инаку, некрополата Киз-Аул, каде што се вршат ископувањата, археолозите ја нарекуваат „катни гробишта“, велат од фондот. Првите гробови се појавиле на тоа место уште во античка доба. Тоа биле монументални гробници и гробови во вид на камени сандаци. Вториот „кат“ го сочинуваат гробови од Средниот век. Тука, во тоа време своите починати ги погребувале претставниците на таканаречената салтово-мајацка култура, која научниците ја поврзуваат со жителите на Хазарскиот каганат.

Прочитајте повеќе: Археолозите на Крим пред голема загатка: Луѓе живи закопани во хазарска гробница?!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња