1. Крајот на Советско-финската војна
Sputnik
Финската кампања на Црвената армија требала да биде едноставен потфат, но поради изненадувачко силниот отпор на финската војска, оваа војна станала вистински кошмар за советските единици кои во него изгубиле над 126.000 луѓе. Од друга страна советската војска извлекла важни поуки од овој конфликт и во голема мера го унапредила својот борбен потенцијал наспроти нацистичката инвазија од 1941 година.
2. Анексија на балтичките земји и на Бесарабија
Sputnik
Според тајниот советско-германски договор, балтичките држави и романска Бесарабија (денешна Молдавија) потпаднале под советската сфера на влијание. Во јуни 1940 година СССР тргнал во акција. Владите на Латвија, на Естонија и на Литванија, откако сфатиле дека немаат никаква шанса да се спротивстават на СССР, ги прифатиле советските барања и дозволиле Црвената армија да влезе на нивната територија. Организираните избори на власт ги донесоа прокомунистичките сили кои изгласале припојување кон СССР. Романија се согласила Бесарабија да ја препушти на Советскиот Сојуз само неколку часа пред да требало да почне советската инвазија.
3. Барбароса
Getty Images
Германската офанзива која започна на 22 јуни 1941 година ѝ донела на Црвената армија катастрофален пораз. И покрај херојскиот и жесток отпор на советските војници, цели единици се збришани од лицето на земјата, така што беа опколени и уништени заедно со илјадници тенкови и авиони. До крајот на 1941 година Вермахтот ги имаше окупирано Естонија, Латвија, Литванија, Молдавија, Белорусија и Украина, и се најде пред вратите на Москва и на Ленинград. Советските единици изгубија три милиони војници кои беа убиени или заробени, додека германската загуба изнесуваше над 700.000.
4. Спасување на светското културно наследство
Александар Бродски / Sputnik
Евакуацијата на најголемата уметничка колекција во Европа, експонатите на музејот Ермитаж во Ленинград, започна од првиот ден на германските напади врз Советскиот Сојуз. Во целосна тајност над 1.2 милиона од вкупно 2 милиони уметнички дела беа префрлени со железница во безбедни магацини на Урал. Евакуацијата беше планирана долго (од 1939 година), така што беше изведена брзо и ефикасно.
5. Опсадата на Ленинград
Борис Кудојаров / Sputnik
Во септември 1941 година германските и финските единици го опколија вториот по важност советски град, Ленинград. Во текот на 872 дена од опсадата граѓаните имаа само еден пат за снабдување: преку замрзнатото езеро Ладога, кое беше под постојан непријателски оган. Огромниот град постојано беше во недостаток од храна. Од глад починаа 600.000 жители на Ленинград.
6. Првиот голем пораз на Германија
Sputnik
Откако во жестоките борби кои траеја од септември до декември 1941 година ја одбранија Москва, советските единици започнаа голема контраофанзива против исцрпената војска на Вермахтот и ја принудија да се повлече. Битката за Москва беше прв голем пораз за Германија во Втората светска војна, по што фелдмаршалот Валтер фон Браухил за Црвената армија рекол дека тоа е „прв сериозен противник“ на Германија.
7. Сталинградската битка
Анатолиј Архипов / Sputnik
Битката за Сталинград која се смета за пресвртница во Втората светска војна беше една од најкрвавите пресметки во историјата и однесе речиси 1.3 милиони војнички животи од обете страни. Кога германските единици го нападнаа центарот на градот, послабите романски единици ги покриваа бочните крила на нападот. На 19 ноември 1942 година советските единици ја започнаа операцијата Уран, пробивајќи се низ романските редови и опколувајќи ја германската Шеста армија, која е уништена во јануари 1943 година.
8. Курската битка
Getty Images
Во Курската битка, една од најголемите воени пресметки во историјата, учествуваа речиси два милиони војници, над 6.000 тенкови и 4.000 авиони. Откако претрпеа пораз во Курск, Германците ја изгубија стратешката предност во војната и почнаа да се повлекуваат, што потоа доведе до нивен целосен пораз и безусловно предавање.
9. Багратион
Борис Јарославцев / Sputnik
Офанзивата на Црвената армија во окупирана Белорусија под шифрираниот назив Операција Багратион, беше одмазда за воените порази од 1941 година. Советската молскавична војна беше планирана за 23 јуни, речиси на годишнината од почетокот на операцијата Барбароса три години претходно. Со брзи, масовни и координирани напади на копнените и на воздушните сили советските единици го скршија отпорот на непријателот, ја опколија и целосно ја уништија германската армија Центар.
10. Конференцијата во Јалта
Sputnik
Конференцијата на лидерите на сојузничките земји го предодредија изгледот на Европа во следните 40 години. За време на долгите и сложени преговори Сталин, Черчил и Рузвелт ја дефинираа повоената судбина на Полска, на Германија и на Југославија, и ги поставија темелите на Обединетите нации.
11. Падот на Третиот рајх
Sputnik
Иако Берлин беше заземен на 2 мај, а Третиот рајх се предаде на 8 мај, за Црвената армија борбите во Европа сè уште не беа завршени. Требаше да се преземе и последната голема стратешка операција во Европа и да се уништат преостанатите германски единици во Прага во Чехословачка, што беше завршено на 12 мај.
12. Уништувањето на Квантушката армија
Sputnik
Како што беше одлучено во договор со сојузниците, Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Јапонија три месеци по победата над Германија. Советската офанзива низ јапонската одбрана мина како врел нож низ путер, продирајќи длабоко на територијата на североисточна Кина. Десет дена од почетокот на офанзивата Квантушката армија беше сосема уништена.
13. Обновување на индустријата
Макс Алперт / Sputnik
Советската економија претрпе голема штета за време на Втората светска војна: над 1.700 градови и 70.000 села беа разурнати, 32.000 фабрики беа уништени. Но, по пат на мобилизирање на сили од Советскиот Сојуз до крајот на четириесеттите години од минатиот век земјата не само што го поврати предвоеното ниво на индустриското производство, ами и двојно го зголеми. Земјоделството закрепна нешто подоцна, кон почетокот на педесеттите години од минатиот век.
14. Блокадата на Берлин
Getty Images
И покрај договорите помеѓу Советскиот Сојуз и западните сили за заедничко решавање на германското прашање, Америка и Велика Британија иницираа значајни економски реформи во Западна Германија без консултација со СССР. Како одговор на тоа, Советите ги блокираа сите патишта од западна Германија до западен Берлин, освен воздушниот сообраќај. Блокадата на Берлин траеше од јуни 1948 до мај 1949 година. Тоа беше една од првите кризи во студената војна.
15. Првото советско тестирање на атомска бомба
Дури на 20 август 1949 година Советскиот Сојуз стана втората држава во светот со нуклеарно оружје. Во Семиплатинск (денешен Казахстан) беше тестирана првата советска атомска бомба РДС-1. Таа имаше многу заеднички нешта со американската бомба „Дебелко“, која во Втората светска војна беше фрлена на Нагасаки.
Прочитајте исто така Четири воени победи што ја спасиле Русија од уништување.