Археолозите пронајдоа ризница со најстарите ковани пари на просторот на Русија

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press

За време на археолошките ископувања во старогрчката колонија Фанагорија во Краснодарскиот крај во Русија е пронајдена уникатна ризница со сребреници, исковани пред околу 2,5 илјади години, која упатените потоа ја опишаа како најстарите ковани пари на просторот на Русија.

„За време на ископувањата пронајдовме многу ретки сребрени монети, се работи за најстарите ковани пари на просторот на Русија. Така што сега сме во состојба да ги реконструираме почетоците на ковањето на пари на просторот на Русија и да ги поврземе отприлика со преминот од шестиот во петтиот век пред нашата ера, односно пред 2,5 илјади години, рече раководителот на одделението за класична археологија на Археолошкиот институт при Руската академија на науки Владимир Кузнецов.

Како што нагласи тој, научниците долго време дебатирале за тоа во кој временски период во минатото всушност започнало ковањето на пари на просторот на Русија. „Такви дискусии се водеа затоа што немаше цврста основа. Она што сега е пронајдено, а тоа е 480 година п.н.е., односно ризницата е скриена во времето на персиската наезда“, рече истражувачот.

Античкиот град Фанагорија се наоѓал на Таманскиот полуостров. Основан е во шестиот век пред нашата ера, а подоцна бил и главен град на азискиот дел на Босфорското царство.

Инаку, руските археолози деновиве, при ископувањата на Крим пронајдоа мрежа на катакомби што датираат од преминот од третиот во вториот милениум п.н.е.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња