На Алтај претставена најстарата гробница во Русија

Влада на Република Алтај
Најстарата и најголемата дрвена гробница во Русија беше претставена во руската Република Алтај.

„Ископината беше пронајдена во 1949 година од експедиција на Ермитаж во Петтата заледена могила високо во планините, во долината Пазирик во Улаганскиот реон“, се вели на официјалниот сајт на владата на Република Алтај.

Во гробницата се пронајден тетовирани мумии на пазиричкиот водач и една жена, девет коњи во полна опрема и теписи, двоколка, украси и садови.

Гробницата на династијата водачи на Планинскиот Алтај од скитскиот период од 5 до 3 век п.н.е. е направена во вид на дрвена кабина во дрвена кабина со под и двоен таван. Внатрешната кабина на е однесена до Ермитаж, а надворешната кабина е оставена во могилата. Оваа година, 70 години по откритието, вториот дел од гробницата е изваден од местото каде што биле погребувани древните алтајски цареви предаден на Националниот музеј „Анохин“.

Прочитајте повеќе:На руски Алтај пронајдена уникатна гробница од епохата на Големата преселба на народите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња