Руски археолози во манастир во Велики Новгород пронајдоа саркофази од предмонголската доба

Институт за археологија на Руската академија на науки
Стручњаци од Институтот за археологија на Руската академија на науките пронајдоа за време на ископувањата на подрачјето на Јурјевиот манастир во Велики Новгород шест камени саркофази од крајот на 12 и почетокот на 13 век во кои почиваат угледни болјари од Новгород, се соопштува на официјалниот сајт на Институтот.

Таквите саркофази, како што наведуваат археолозите, служеле како семејни гробници. Можат да се најдат само во неколку главни градови на кнежествата од предмонголскиот период, на пример, во Киев, Чернигов, Преславл Јужни и Новгород. Според раководителот на Новгородскиот архитектонско-археолошкиот оддел Владимир Седов, се работи за единствена градба од ваков вид. Во Новгород, откако се вршат ископувања па сѐ до денес, пронајдени се само петнаесет саркофази кои се наоѓаат во Софискиот соборен храм и неколку стари цркви. Меѓутоа, цела серија саркофази, кои припаѓаат на елитата на средновековниот Новгород, спаѓа во апсолутна реткост.

Археолошки истражувања на подрачјето на Георгиевската црква на Јурјевиот манастир се спроведуваат од 2013 година, а од 2015 година се работи на надворешниот периметар на зградата. За време на ископувањата се пронајдени голем број вредни предмети. Така, тука се откриени фрагменти од фрески од ѕидовите на почетокот на деветнаесеттиот век кои се наоѓале под подот на црквата. Во 2016 година се пронајдени првите камени саркофази во кои, според мислењето на упатените, се погребани монаси на Јурјевиот манастир. Оваа претпоставка ја потврдија пронајдените остатоци од кожни ремени со втиснати верски празници и кожни крстови.

Камените саркофази во штотуку пронајдената група се состојат од шест плочи. Вкупно се пронајдени шест саркофази, од кои пет се достапни за истражувачите за понатамошна работа, додека до еден е невозможно да се пријде.

Владимир Седов потсетува дека саркофазите се масивна градба. Како што истакнува тој, најверојатно биле направени порано, бидејќи за подготовка на таква гробница било потребно многу време и голем број луѓе. Така, на пример, плочата со која саркофагот е затворен е тешка еден и пол тон.

Во прелиминарните антрополошки истражувања дојдено е до заклучок дека тука се закопувани мажи и жени на околу педесет години и постари. Сите воделе активен живот, на што упатува истрошеноста на зглобовите. Меѓутоа, добро сочуваните заби укажува на тоа дека тие луѓе се хранеле добро. Бидејќи просечната должина на животот на средновековниот човек била од 35 до 38 години, може да се тврди дека во погребните места се наоѓаат посмртните останки на луѓе кои живееле на многу високо ниво, нагласуваат арехолозите.  

Археолозите посочија дека методот на погребување во саркофази што се наоѓаат веднаш до влезот во црквата и под подот одговара на христијански обред. За разлика од паганските погребувања, во саркофазите не се оставани нешта за задгробниот живот, туку самите гробови се наоѓаат колку што е можно поблиску до црквата, а тоа особено го молеле за симболично да ѝ се приклучат на заедницата во пресрет на Страшниот суд.

Прочитајте повеќе: Во црква во Новгород откриени уникатни текстови на глаголица од XII век

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња