СМС-порaка од 13 век: Што пишувале старите Руси во Стараја Руса

Писмо на брезова кора, Новгород, ископина, 1951. Од колекцијата на Државниот историски музеј, Москва.

Писмо на брезова кора, Новгород, ископина, 1951. Од колекцијата на Државниот историски музеј, Москва.

Global Look Press
Научниците ја отворија и дешифрираа средновековната порака на брезова кора што беше пронајдена во саботата на Пјатницкиот локалитет во Стараја Руса.

Пораката содржи наредба што еден жител на Стараја Руса му ја испратил на друг. Знаеме како се викаат обајцата: Максим и Ананија. Максим му налага на Ананија брзо да му доведе три коња со различна боја на влакното заедно со седла. Не се наведува каде  конкретно да ги доведе. Можеби ќе се појават дополнителни сознанија кога ќе биде прецизиран периодот од кој потекнува оваа археолошка ископина“, рече Елена Торопова, раководител на Староруската археолошка експедиција.

Се претпоставува дека пораката е напишана во втората половина на 13 век, пренесува порталот „Газон“.

Претходно во Стараја Руса археологот Алексеј Баринов ја откри 51 по ред порака на брезова кора при проверка на ископините во вид на  парчиња кожа, фрагменти од керамика, коски и брезова кора.

Прочитајте повеќе: Во црква во Новгород откриени уникатни текстови на глаголица од XII век

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња