Во црква во Новгород откриени уникатни текстови на глаголица од XII век

Церемонија на откривање на споменик на првите руски кнезови Рјурик и Вешчиј Олег. Ленинградска област, Русија.

Церемонија на откривање на споменик на првите руски кнезови Рјурик и Вешчиј Олег. Ленинградска област, Русија.

Руслан Шамуков/ТАСС
Археолозите пронајдоа „ѕиден весник“ од XII век на ѕид на црква во резиденцијата на новгородските кнезови.

Научниците од Институтот за археологија на руската Академија на науките за време на ископувањата во Црквата „Благовештение“во Новгород открија многу натписи од првата половина на XII век, вклучувајќи и своевиден ѕиден „летопис“.  Тоа е најдолгиот во Русија натпис на глаголица. Исто така пронајдени се и многу фрагменти од фрески.

Црквата „Благовештение“ се нарекува и Рјурикова населба. Имено овде, според легендата, во 862 година пристигнал кнезот Рјурик. Населбата долго време била резиденција на новгородските кнезови. Во 1342-1343 година, по наредба на московскиот велики кнез Симеон Гордиот старата црква била срушена и на нејзино место била изградена нова.

Раководителот на Новгородската архитектурно-археолошка група на Институтот за археологија, дописен член на РАН Владимир Седов изјави дека на парчињата гипс од ѕидовите на овој храм се пронајдени 49 графити. Според значењето за историчарите и лингвистите, можат да се сметаат на исто рамниште како и записите на брезовите кори. Научникот објасни дека нивната вредност лежи во фактот што може да се види на директната реакција на новгородците од XII век на настаните што се случувале околу нив, пренесува „Вести.ру“.

Археолозите открија дека при изградбата на новата црква темелите на старата црква биле посни со песок и малтер. Токму во овој „градежен отпад“ се најдени илјадници фрагменти од фрескосликарството во тоа време, вклучувајќи и цртежи на ликови.

Оваа година се откриени четириесетина фрагменти на натписи од првата половина на XII век.

Научниците  ги сметаат за најинтересни натписите за смртта и погребувањето на кнезот Всеволод Мстиславович, кој владеел во Новгород од 1117 до 1136 година. Потоа бил протеран од градот и починал во 1138 година во Псков.

На тие настани се посветени три натписи во олтарот. Еден – „параден“ и подолг, напишан со многу убав ракопис, вториот е многу краток, а третиот за тоа дека бил погребан еден ден по смртта.

Откриени се неколку натписи на глаголица - првата словенска азбука. Од почетокот на XII век таа се користела многу ретко. Еден од натписите содржи молитва која, веројатно е најпознатиот во моментов натпис на глаголица во Русија.

Во текот на ископувањата, исто така, најден е и оловен печат на кнезот Мстислав Давидович Смоленски, кој кратко време владеел во Новгород. Исто така, откопани се и многу други артефакти.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња