Јуришот на Карјагин: Како 493 руски војници одолеаја на нападот на 20000 Персијци

Франц Рубо. Жив мост, 1892

Франц Рубо. Жив мост, 1892

commons.wikimedia.org
Во јули 1805 година, одредот на полковникот Карјагин, во кој имаше 493 војници и офицери, успеа со само два топа да ѝ се спротивстави на армија од 20 илјади Персијци. Половина одред загина, но наредбата беше извршена!

Персискиот шах Фет Али никако не се помирува со склучувањето на Курекчајскиот мир, според кој Карабашкото царство припадна на Русија. Договорот е потпишан на 14 мај 1805 година. Шахот решава да ја поврати територијата на царството, користејќи ја војната која Русија ја води против Франција, каде што се наоѓаат главните руски сили.

Персиската војска, која брои околу 40 илјади луѓе, под команда на престолонаследникот принцот Абас Мирза ја форсира реката Аракс. Границата ја брани 17. егерски полк на мајор Лисаневич. Тој не може да се спротивстави на огромната сила на противникот. Полкот се повлекува во Шуша. Тогаш командантот на руските сили на Кавказот, кнезот Цицијанов, донесува одлука да го испрати во пресрет на непријателот одредот на полковникот Павел Карагин. На 3 јули 1805 година, 493 војници и офицери со два топа се упатуваат кон Шуша. На 6 јули доаѓаат пред Шуша и наидуваат на голем одред сердари на Пир Кули-хан. Рускиот одред застанува во четириаголна формација и го одбива нападот на противникот.

Карјагин му испраќа порака на Лисаневич да тргне на помош, но Лисаневич не може да го исполни тоа барање. Во 18 часот Персијците почнуваат со нападот врз логорот која трае до ноќта. Со изгрејсонцето Персијците го обновуваат нападот. Неколку пати му предлагаат на Карјагин да се предаде. Карјагин секој пат одговара одречно, но резервите на муниција и двопек стануваат сѐ помали. Карјагин се решава на неверојатен потег: да се пробие низ позициите на Персијците до тврдината Мухрат која никој не ја контролира.

Маршот почнува на 7 јули во 22 часот. Главниот проблем е како да се пренесат двата топа до тврдината, кога теренот е стрмен и полн со провалии. Според една верзија, војниците направиле жив мост со своите тела и успеале да пренесат еден топ. Според втората верзија, војниците формирале мост од своите пушки, а пушките ги поддржувале со рацете. Еден топ поминал, додека вториот го загубиле, при што загинал војникот Гаврила Сидоров. Сликарот Франц Рубо го наслика делото „Жив мост“ прифаќајќи ја првата верзија како вистинска. Персијците испраќаат коњички одред за да ја заземат тврдината пред Русите, но Русите успеваат да го одбијат тој напад. Преостанатиот одред на Карјагин успева да влезе во тврдината и да се утврди таму.

Откако кнезот Цицијанов го добива рапортот на Карјагин, веднаш собира одред од две илјади луѓе, десет топови и ги испраќа на помош на Карјагин. Кога Карјагин дознава дека одредот на Цицијанов дошол во близина на тврдината, се пробива ноќе со својот преостанат одред и се сретнува со помошната војска во селото Мардакерете. За овој подвиг Павел Карјагин е награден со златна сабја со натпис „за храброст“. Сите офицери и војници добиваат награди и дополнителна плата, а на војник Гаврила Сидоров, кој загинува под тежината на топот, му поставуваат биста во штабот на полкот.

Прочитајте повеќе: Пет судбоносни победи на руската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња