Московските археолози пронајдоа во центарот на главниот град околу 60 ковани пари од времето на последниот руски цар Николај Втори.
Како што соопшти службата за односи со јавноста на Департманот за културно наследство на град Москва, кованите пари се пронајдени во текот на ископувањата во Костјанската уличка. Вкупно 60 пари во апоени од пет и десет рубли се исковани на меѓата на 19 и 20 век, тврдат упатените.
Сопственикот најверојатно ги скрил парите за време на Револуцијата или Граѓанската војна, вели Алексеј Емелјанов од градскиот Департман за културно наследство, истакнувајќи дека се работи за еден од највредните пронајдоци последниве години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.