Во Москва пронајдена најстарата улица во градот

Археолозите во Москва ја открија најстарата улица во руската престолнина, изјави шефот на Одделот за археологија на Московска стара Русија на РАН и раководител на ископувањето Леонид Бељаев.

Археолозите во Москва ја открија најстарата улица во руската престолнина, изјави шефот на Одделот за археологија на Московска стара Русија на РАН и раководител на ископувањето Леонид Бељаев. Како што соопшти археологот, улицата што е пронајдена се викала Голема и настанала во 12 век, пренесува „Метроњуз“.

Бељаев изјави дека станува збор за уникатен пронајдок. „Пронајдовме слоеви од стариот коловоз. На секои 50-100 години улицата покриена со балвани пропаѓа, а преку неа се става нов слој, додека под него останува старата улица во помалку или повеќе зачувана состојба. Така улицата расте. Во Новгород може да се најдат и до 28 слоја на едно место“.

Оваа улица е интересна затоа што настанала од патот кој водел од пристаништето на реката до Кремљ. Потоа патот во периодот од 12 до 14 век почнал да се претвора во улица, така што околу него почнал да никнуваа куќи. Големата улица постоела сѐ до 16 век, кога е подигнат Китај-город. Тогаш трасите се смениле и таа е претворена во мал сокак, објаснува стручњакот.

Улицата е откриена на местото на срушениот хотел „Русија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња