Стручњаците на Археолошкиот институт на Руската академија на науки пронајдоа во Павлово-Посадскиот реон на Московската област сад со стотици сребрени монети кои потекнуваат од почетокот на 17 век, пренесуваат руските медиуми.
Во пронајдениот керамички сад се наоѓаа 623 сребрени парички, исковани во времето на Иван Грозни и Борис Годунов, како и бакарен крст кој, како што се мисли, требало да го чува богатството. Се смета дека сопственикот го закопал благото непосредно пред почетокот на тнр. Смутно доба. Станува збор за тоа време голема сума на пари, доволна да се изгради куќа или купи крупен добиток. Толку пари сопственикот можел да стекне и да ги заштеди тргувајќи со пченица, претпоставуваат археолозите. Како што наведуваат, по две неродни години, во 1603 година цената на лебното зрно се покачила дури дваесет пати.
Интересно е и тоа што сите парички биле нови и не стигнале да бидат во промет. Необично е и тоа што садот не е опљачкан што, како што тврдат стручњаците, се случува многу ретко.
Ова eдинствено откритие ги изненади и најискусните стручњаци, не само поради својот обем и необичната содржина, туку и поради фактот што е зачувано во целост.
Богатството е пронајдено во текот на археолошките ископувања, а ниту една пара не недостигаше, откако садот е пронајден in situ, таму каде што бил закопан пред 400 години, рече заменик-директорот на Институтот за наука Асја Енговатова.
По темелните истражувања археолошкиот пронајдок, според законот, ќе биде предаден на еден од државните музеи во Москва или Подмосковје.
Археолозите во Москва кон крајот на јули открија нови траги од големиот пожар од 1737 година, еден од петте најголеми кои било кога ја зафатиле руската престолнина, пишува порталот на телевизијата RТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче