Дел од Москва на крајот на 17 век. Аполинариј Васнецов.
Историски музеј на МоскваСтароста на Москва може да се преиспита поради новите археолошки наоди, соопштува „Газета.ru“.
„Наодите се од урбана природа, но дискусијата ќе биде жешка. Не сите научници се подготвени да признаат поран датум на Москва, затоа што тоа е веќе многу цврсто влезено во оптек. Јас сепак би сметал дека е 100 години порано“, изјави главниот археолог на Москва Леонид Кондрашов.
Појавата на градовите обично е одредена од првиот датум во летописите - за Москва тоа е 1147 година според Ипатјевскиот летопис. Таму е наведено дека во 1147 година кнезот Јуриј Долгоруки се сретнал со Новгород-северскиот кнез Свјатослав Ољгович на местото на денешниот град.
На 10 септември Москва ќе ја прослави својата 870 годишнина, пренесува ТВ „Центар“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче