Aрхеолози во Москва пронајдоа играчка од XVII век

Државниот историски музеј на Црвениот плоштад во Москва.

Државниот историски музеј на Црвениот плоштад во Москва.

Екатерина Чеснокова/РИА „Новости“
Московските археолози открија голем број необични артефакти во историската област Зарјадје.

Како што соопштува официјалниот портал на управата и градоначалникот на главниот град на Русија, истражувачите пронашле средновековна играчка, монети и трговски пломби од Англија.

Старите работи се најдени при украсувањето на источниот дел на паркот во изградба. На ова подрачје порано имало огромен пазар, бидејќи токму на тоа место на кејот биле укотвени трговски бродови на трговци од различни земји. За особено важни откритија археолозите ги сметаат англиските оловни пломби од XVIII век. Тие сведочат дека во Москва се довезувале стоки од Вејкфилд - британскиот центар на текстилната индустрија.

Исто така, интересна е и фигурката на бакарен коњаник, направена во XVII-XVIII век. Археолозите истакнуваат дека сите елементи на опремата на воинот се направени многу натуралистично. Најверојатно, тоа била играчка од колекција. И таа, и другите наоди ќе бидат изложени прво во привремените, а потоа во постојаните збирки на музеите во градот, пренесува „Росијскаја газета“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња