Втор Белоруски фронт, борбите за Минск.
Борис Јарославцев/SputnikЛетото 1944 година советските трупи беа подготвени за ослободување на Белорусија од нацистичката окупација. Командата на Црвената армија силно сакаше да се освети за катастрофалниот пораз што го претрпе тука во 1941 година. Дојде време за советски „блицкриг“. Офанзивата беше планирано за 23 јуни, речиси на истиот ден кога три години претходно започна германската операција „Барбароса“.
Борби на територијата на Белорусија
Пјотр Бернштејн/SputnikОфанзивната операција го доби називот „Багратион”, според рускиот војсководец од војната против Наполеон 1812 година, кнезот Петар Багратион, кој беше смртно ранет во битката кај Бородино.
Операција „Багратион“
Аркадиј Шајхет/russiainphoto.ruКога на 23 јуни 1944 година започна операцијата, советските трупи имаа 1,2 милиони војници подготвени против 800000 Германци. Иако беше бројчено надмоќна, советската армија имаше тешка задача: да ги пробие добро утврдените непријателски одбранбени позиции.
„Катјуши“ на Првиот украински фронт
Тимофеј Мељник/SputnikКога операцијата „Багратион” беше на својот врв, во борбите на двете страни учествуваа преку четири милиони војници, 62000 парчиња артилериски орудија, 7500 тенкови и самоодни топови и повеќе од 7100 авиони.
Полоцк, река Полота
Леонид Доренски/SputnikПреку добро организирани и координирани напади на копнените и воздушните сили, советската армија ја проби непријателската одбрана истовремено на шест места на линијата на фронтот. Германските армии во близина на Витебск и Бабрујск, Орша и Могиљов претрпеа тешки порази. Главнината на силите Групата армии Центар беше опколена во белорускиот главен град Минск и уништена.
Борбите за Витебск
Александар Дитлов/SputnikСоветските трупи во напредувањето добија значителна помош од партизанските единици. На 3 август 1943 година тие ја започнаа операцијата „Железничка војна“ со цел да се уништи непријателската железничка инфраструктура во позадината. Беа уништени 215000 железнички пруги и десетици мостови, повеќе од 1000 возови беа исфрлени од колосек, а германскиот транспорт и сообраќајот на Источниот фронт беа намалени за 40%.
Белоруски партизани се враќаат дома
Пјотр Бернштејн/SputnikЗа да го неутрализира огромниот продор на советските сили, германската воена команда беше принудена да ги пренасочи резервите од другите делови на Источниот фронт, што ѝ овозможи на советската команда да тргне во офанзива во Украина и балтичките земји. Германците испратија во Белорусија и армии од Западниот фронт, на тој начин давајќи им на сојузниците простор за дејствување.
До крајот на операцијата „Багратион“ кон крајот на август 1944 година 17 германски дивизии беа целосно уништени, а 50 дивизии изгубија повеќе од 50% од силите. За време на малку повеќе од два месеци офанзива, советските трупи напредуваа повеќе од 560 километри, ослободувајќи голем дел од Белорусија, делови од Летонија, Литванија и Полска. Советската војска се приближи до Варшава, отворајќи го патот до Кенигсберг (денешен Калининград) и централниот дел на Третиот Рајх.
Германски заробеници во околината на Гомељ
Иван Шагин/SputnikГледајќи го брзото напредување на советската војска во операцијата „Багратион“, полската влада во егзил на 1 август во Варшава организираше големо востание кое требаше да го стави градот под нејзина контрола. Полјаците очекуваа помош од Црвената армија, но таа не пристигна. Само одделни единици на Првата полска армија (приклучени на советските сили) се обидоа да влезат во градот, но се повлекоа со загуби. Одлуката на Сталин да не им помогне на Полјаците можеби беше заснована на неговата желба советските трупи да го ослободат градот и да се погрижат да дојде на власт просоветска комунистичка влада. Оваа одлука може да се објасни и со фактот дека Црвената армија беше едноставно исцрпена по долгата офанзива. Во секој случај, таа до ден-денес останува спорна.
Полска војска во предградието на Варшава
Александар Капустјански/SputnikГерманските загуби во операцијата „Багратион“ беа меѓу 400 и 500 илјади луѓе. Тоа значи дека советската Белоруска операција во 1944 година им го нанела на Германците најголемиот воен пораз во историјата. Црвената армија изгуби 180000 луѓе. Иако имаше огромно значење, летната офанзива на Црвената армија не беше пресвртницата во Втората светска војна. Дека колапсот на Третиот Рајх е неизбежен стана јасно една година претходно, по Битката кај Курск.
Жители на Минск ги дочекуваат советските борци, јули 1944.
SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче