Според мислењето на историчарите, вредноста на фотографиите се состои во тоа што командантите се снимени во обични ситуации на фронтот, меѓу другарите по оружје или во кругот на семејството и блиските.
Министерство за одбрана на РФ
Тие фотографии тие првенствено ги носеле со себе и само во ретки ситуации им ги покажувале на пријателите.
Министерство за одбрана на РФ
Како пример може да се наведе снимката на Сајара Шестопалова, школска другарка на Зоја Космодемјанска. Сајара го завршила 201. Московско училиште и заминала на фронтот да се освети за својата другарка. Имала 17 години и затоа морала во документот да ја смени годината на раѓање за да биде примена во Третата тенковска армија на маршал Рибалко. Сајара Гајдаровна је поминала целата Втора Светска војна, стигнала до Берлин и таму добила своевидна награда, т.е. се вљубила во човекот на својот живот – капетанот на инженериски трупи Николај Шестопалов, кој подоцна дотурка до маршал.
Министерство за одбрана на РФ
Голема важност имаат фотографиите од првата линија на фронтот од 1941-1945, кои ни малку не било лесно да се направат. Тие ретки снимки им откриваат на научниците и писателите нови детали од секојдневието на фронтот.
Министерство за одбрана на РФ
На пример, на една фотографија се гледа како советскиот маршал Рокосовски се подготвува да полета во извидувачки балон заедно со командантот на артилеријата на Вториот белоруски фронт, генерал-полковник Соколски.
Министерство за одбрана на РФ
Интересно е да се запознаете и со биографијата на многу младиот фронтовски извидник Владимир Михалкин, иден маршал на артилерија.
Министерство за одбрана на РФ
„На одделни снимки се забележани моменти од историската средба на командантот на воената морнарица Николај Кузнецов со Винстон Черчил и Френклин Рузвелт на конференцијата во Јалта“, истакнува информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.
Министерство за одбрана на РФ
Претходно на сајтот на Министерството за одбрана на РФ беше воведена специјална рубрика „Хероите на Големата Татковинска војна: Моменти на мир во животот“. Тука се собрани фотографии на војсководците во мирнодопски услови.