Објавени непознати „парадни“ фотографии на советски маршали

Олег Александрович Лосик, маршал на тенковските единици, Херој на Советскиот Сојуз.

Олег Александрович Лосик, маршал на тенковските единици, Херој на Советскиот Сојуз.

Министерство за одбрана на РФ
Министерството за одбрана на Русија во пресрет на Денот на Победата објави уникатни фотографии на советски војсководци направени на парадите.

Во рамките на проектот „Војсководците на Победата: На парада“ се собрани фотографии од архивот на Министерството за одбрана на РФ и семејни албуми.

Прикажани се фотографии на 25 прославени команданти кои досега не беа достапни за јавност и кои поради тоа имаат библиографска и историска вредност.

„На нив командантите се претставени во свечената атмосфера или неколку минути пред почетокот на парадата, како и на вежбањето и пробите за парадата“, соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.

Ретките фотографии се дополнети со детали од биографиите и сеќавањата на командантите, како и со цитати од военоисториски дела. Интересни се и коментарите на членовите на семејствата на руските војсководци и луѓе кои им биле блиски.

Родион Јаковлевич Малиновски, маршал на Советскиот Сојуз, двапати Херој на Советскиот Сојуз.

На пример, ќерката на маршалот Родион Малиновски Наталија се сеќава: „Тато како единствен наш војсководец од Втората светска војна имаше две Паради на Победата во својот живот. На првата (11. ноември 1918) беше војник, а на втората (24. јуни 1945) ја поведе војската на фронт“. Овој советски командант служел во посебната руска бригада во Франција, каде дури и по револуцијата во 1917 година (кога Русија се повлече од војната) продолжил да се бори сѐ до капитулацијата на Германија.

Константин Константинович Рокосовски, маршал на Советскиот Сојуз, двапати Херој на Советскиот Сојуз

 

Објавени се и интересни податоци од „парадната“ историја на СССР кои на многумина не им се познати. На пример, движењето на историската воена техника и вооружување во свечен марш првпат беше на програмата на парадата на 9. мај 1985 година и оттогаш стана вообичаено. Имено, тогаш Парадата по повод 40-годишнината од Победата се состоеше од три дела.

Владимир Михајлович Михалкин, маршал на артилеријата.

Првиот дел беше историски – се движеа колоно од воени ветерани и некогашни ударници. Во вториот дел поминуваа современите единици на московскиот гарнизон и питомци на воените школу и академии, а во третиот се движеше историска и современа современа техника.

Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, четири пати Херој на Советскиот Сојуз

Претходно на сајтот на Министерството за одбрана на РФ е појави специјална рубрика „Војсководците на Победата: Моменти на мир во животот“, каде што се собрани фотографии на војсководци направени во мирнодопски услови и семејна атмосфера.

Прочитајте повеќе: Кој ѝ ги „истури цревата“ на Хитлеровата воена машинерија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња