Битката кај Курск, 1943. Северниот дел на рускиот гребен го бранеа трупите на Централниот фронт под команда на Константин Рокосовски.
Министерство за одбрана на РФСпоред мислењето на историчарите, вредноста на фотографиите се состои во тоа што командантите се снимени во обични ситуации на фронтот, меѓу другарите по оружје или во кругот на семејството и блиските.
Тие фотографии тие првенствено ги носеле со себе и само во ретки ситуации им ги покажувале на пријателите.
Генерал-потполковник К.А. Вершинин со борци, истакнати воздухопловни асови од Големата Татковинска војна.
Министерство за одбрана на РФКако пример може да се наведе снимката на Сајара Шестопалова, школска другарка на Зоја Космодемјанска. Сајара го завршила 201. Московско училиште и заминала на фронтот да се освети за својата другарка. Имала 17 години и затоа морала во документот да ја смени годината на раѓање за да биде примена во Третата тенковска армија на маршал Рибалко. Сајара Гајдаровна је поминала целата Втора Светска војна, стигнала до Берлин и таму добила своевидна награда, т.е. се вљубила во човекот на својот живот – капетанот на инженериски трупи Николај Шестопалов, кој подоцна дотурка до маршал.
Генерал-полковник И.С. Конев, Белгородско-харковска операција, 1943.
Министерство за одбрана на РФГолема важност имаат фотографиите од првата линија на фронтот од 1941-1945, кои ни малку не било лесно да се направат. Тие ретки снимки им откриваат на научниците и писателите нови детали од секојдневието на фронтот.
Генерал-полковник А.И. Еременко, командант на Сталинградскиот фронт, им врачува награди на тенкисти и артилерци кои се истакнале во битката.
Министерство за одбрана на РФНа пример, на една фотографија се гледа како советскиот маршал Рокосовски се подготвува да полета во извидувачки балон заедно со командантот на артилеријата на Вториот белоруски фронт, генерал-полковник Соколски.
Маршал на Советскиот Сојуз К. К. Рокосовски и генерал-полковник на артилерија А. К. Соколски во корпа на извидувачки балон за пред полетувањето.
Министерство за одбрана на РФИнтересно е да се запознаете и со биографијата на многу младиот фронтовски извидник Владимир Михалкин, иден маршал на артилерија.
Ленинградски фронт, 1942. Владимир Михалкин во посета на ранетиот татко, генерал М. С. Михалкин.
Министерство за одбрана на РФ„На одделни снимки се забележани моменти од историската средба на командантот на воената морнарица Николај Кузнецов со Винстон Черчил и Френклин Рузвелт на конференцијата во Јалта“, истакнува информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.
Николај Кузнецов, главен командант на воената морнарица на Северниот фронт.
Министерство за одбрана на РФПретходно на сајтот на Министерството за одбрана на РФ беше воведена специјална рубрика „Хероите на Големата Татковинска војна: Моменти на мир во животот“. Тука се собрани фотографии на војсководците во мирнодопски услови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче