Во европското седиште на Обединетите нации во Женева е отворена изложба на веројатно најпознатиот советски воен фотограф Евгениј Халкдеј. Со педесетината изложени работи од заборав е оттргната фронтовската хроника, сцени од Нирнбершкиот процес, како и познатото Знаме на Победата над Рајсхстагот.
Ана, ќерката на Евгениј Халдеј, во интервјуто за порталот на телевизијата „Ѕвезда“ зборуваше како настанала познатата фотографија.
Како што наведе таа, големото црвено платно го сошил самиот Евгениј Халдеј од чаршаф за маса, а потоа со тројца војници се искачил на покривот на руинираниот Рајхстаг. За да се добие импресивна снимка, едниот од војниците - Алексеј Коваљов – морал да застане на самиот раб на покривот и да се наведне, додека воениот другар, го држел за чизмите за да не падне.
Фотографиите на Евгениј Халдеј снимени за време на Втората светска војна станаа класика и многу често се приложуваат како илустрација на текстови во учебници и енциклопедии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче