17 главни градови во кои влегла руската војска

Евгениј Халдеј/Sputnik
Многу од овие градови ги дочекале руските војници со радост. Многу, но не сите.

Ова е список на странски престолнини кои сè уште ја паметат руската војска (некаде повикана, некаде неповикана). Руските и советските градови не се на списокот

1. Стокхолм (1743)

Шведска и Русија во 198 век многу пати војувале една против друга, но имало и случаи кога руските војници влегле во главниот град на Шведска, а населението ги пречекало со раширени раце. На Шведска ѝ се заканувала опасност од данска инвазија, а шведските селани кревале бунтови, така што властите се обратиле до поранешниот непријател и ја замолиле Русија да ја гарантира безбедноста на Стокхолм. Околу 12.000 руски војници влегле во шведската престолнина во ноември 1743 година. Русите останала таму до летото следната година.

2. Берлин (1760, 1945)

Црвената армија ја прославува победата пред урнатата зграда на Рајхстагот, Берлин, Германија, мај 1945 година

Кога руската армија за првпат влегла во Берлин овој град токму тогаш станал престолнина на Прусија, а Прусија била непријател на Русија во Седмогодишната војна (1756-1763). Додека прускиот крал Фридрих Втори војувал против Австрија во Шлезија руската армија ја нападнала и ја зазела лошо заштитената престолнина. Во неа не се задржала долго, но мисијата била успешна.

Вториот пат руските трупи влегоа во Берлин со многу поголем триумф. Во една од најкрвавите борби од Втората светска војна (80.000 загинати советски војници) Црвената армија го зазеде главниот град на Третиот рајх и така го заби последниот клинец во мртовечкиот сандак на нацистичка Германија.

3. Рим (1799)

Наполеон Бонапарта во 1796 и во 1797 година ја контролирал Италија, што претставувало непосредна опасност за останатиот дел од Европа. Русија реагирала со организира на италијански и швајцарски експедиции во кои војсководецот Александар Суворов ги нападнал Французите. За време на експедицијата поручникот Пјотр Балабин неочекувано од Неапол тргнал кон Рим со 800 војници и го принудил францускиот гарнизон на повлекување. Русите се „ширеле“ по Рим неколку недели.

4. Амстердам (1813)

Кога Наполеон ја изгубил војната против Русија во 1812 година неговата позадина била доведена до ѕид. Коалицијата го победила завојувачот и европските градови на Наполеоново знаме паднале еден по друг, вклучувајќи ги и поранешните и идните престолнини на независни држави. Една од нив бил Амстердам. Рускиот генерал Александар фон Бенкендорф во декември 1813 година го ослободил овој град, го поддржал холандското востание и топло го пречекал принцот Вилием Втори кој се вратил од прогонство.

5. Париз (1814)

Влегување на војската во Париз

Во март 1814 година коалицијата конечно ја зазела сопствената престолнина на Наполеон. Рускиот император Александар Први одиграл решавачка улога во заземањето на Париз. Тој го смислил планот според кој вниманието на Наполеон било насочено на југот на Франција каде се борела против незначителни сили, додека главнината била сосредоточена на Париз. По жестоката борба генералот Огис Мармон се предал,Париз паднал, а Наполеон се одрекол од престолот.

6. Истанбул (1833)

Руско-турската војна

И Османското царство, како и Шведска, ѝ се обратило на Русија за помош без оглед на претходните конфликти со оваа земја. Москва се одѕвала. Мухамед Али Египетски, кој му се спротивставил на султанот, во 1883 година имал можност да го нападне Истанбул и да ја урне империјата. Но, руската флота во февруари 1833 година допловила во Босфор и останала таму пет месеци. Мухамед Али се откажал од планот, не сакајќи да војува против Русија.

7. Пекинг (1900)

Пекинг по борбените дејствија

Во кинеската империја во 1900 година по Боксерското востание завладеал хаос, па затоа се вмешале моќните странски сили – Русија, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, САД и Австро-Унгарија. Овие земји со заеднички сили ја победиле кинеската армија, влегле во Пекинг и склучиле неколку еднострани договори. Не може да се каже дека тоа бил галантен гест. „За еден месец цивилизираните сојузници го опустошиле градот како што многу векови претходно тоа го направиле Монголците“, напишал еден руски дописник.

8. Техеран (1941)

Смотра на советски војници во Техеран пред генералите В.В. Новиков и Џ. Тиркс, септември 1941 година

Ова епизода од Втората светска војна не привлече големо внимание, но сепак е мошне важна. Имено, требаше да се спречи Иран да им се придружи на силите на Оската и затоа СССР и Велика Британија решија да ја преземат контролата над оваа земја и да го принудат прогермански настроениот шах да се повлече од власта. Британците и нивните сојузници го нападнале Иран од југ, а Црвената армија од север. Така Техеран бил опколен, шахот протеран, а Иран до крајот на војната бил под непосредна контрола на сојузниците. Во Техеран во 1943 година одржана е конференција на сојузничките лидери.

9. Букурешт (1944)

Жителите на Букурешт ги пречекуваат советските војници

Советите во 1944 година на Источниот фронт направиле пресвртница во текот на Втората светска војна, се ослободиле од нацистите и тргнале во ослободување на Источна Европа. Една од првите држави во која влегле била Романија, чиј лидер Јон Антонеску од 1940 до 1944 година беше на страната на Хитлер. Режимот на Антонеску не се држел долго и Романија по превратот ја сменила страната во војната. Советските единици извршиле офанзива во Букурешт во август 1944 година.

10. Софија (1944)

Жителите на Софија ги поздравуваат советските ослободители. Големата татковинска војна 1941-1945

Бугарија исто така била принудена да стапи во сојуз со Хитлер, но никогаш не војувала против СССР (за разлика од Романија и од Унгарија). Штом Црвената армија се приближила Бугарите брзо ја отфрлиле својата пронацистичка влада и новиот премиер ѝ објавил војна на Германија, па Црвената армија мирно влегла во Софија на 16 септември 1944 година.

12. Белград (1944)

Жителите на ослободениот Белград со советските војници.

Окупираниот Белград Германците го користеле како центар на воената команда. Жестоко се бореле за контрола над Балканот, но црвеноармејците и југословенските партизани го ослободиле градот на 20 октомври 1944 година.

13. Будимпешта (1945, 1956)

Припадник на единиците за отстранување мини со куче пред верижен мост во Сечењ, Будимпешта/Евгениј Халдеј

Будимпешта била третирана како еден од најважните градови на силите на Оската и затоа Хитлер дури и ја окупирал Унгарија со цел да спречи промена на страната во војната со приближувањето на Црвената армија. Битката кај Будимпешта била многу тешка. Траела три месеци (од октомври 1944 до февруари 1945 година). Црвената армија изгубила 80.000 војници, но сепак победила, го зазела градот и ослободила околу 70.000 затвореници од будимпештанското гето.

Второто влегување на Советите во Будимпешта не било проследено со толкаво јунаштво. Кога граѓаните на Унгарија се спротивставиле на просоветските власти, Москва испратила единици за да го задушат востанието. Борбата траела од 23 октомври до 9 ноември 1956 година. Загинале 669 советски војници и 2.500 Унгарци.

13. Братислава (1945)

Урнатини во Братислава, 1945 година

Советските единици го продолжиле својот победоносен пат на запад преку Европа, а нацистичка Германија била под сè поголем притисок. Црвената армија на 4 април ја ослободила Братислава, престолнината на идната независна држава. Словаците со радост го дочекале влегувањето на советските војници во градот.

14. Виена (1945)

Советски војници пред зградата на Парламентот во Виена, април 1945 година

Германија во 1938 година ја анектирала престолнината на Австрија. Тоа бил клучниот град на империјата на Хитлер и еден од последните кој паднал во 1945 година. По двонеделни борби Советите на 13 април го ослободиле градот од нацистите, го зазеле важниот индустриски реон и се подготвувале за финалната офанзива на Берлин. Австрија веднаш по војната се изборила за својата независност.

15. Прага (1945, 1968)

Крајот на Прашката пролет. Чешки деца си играат на советски тенк оштетен во борба. Април 1968 година

На втори мај 1945 година Берлин паднал, а неколку дена претходно, на 30 април Хитлер извршил самоубиство. Прага била единственото жариште на отпорот и последна препрека што го одвојувала СССР од победата во Европа. Советските единици од 6 до 11 мај јуришале на градот, а Германците се бореле против нив и против чешките востаници кои се спротивставувале на нацизмот. Со падот на Прага војната во Европа конечно била завршена.

Дваесет и три години подоцна советските единици повторно влегле во Прага, не дозволувајќи им на Чесите да ја сменат својата политика и ги принудиле да се придржуваат на социјализмот. Заедно со сојузниците од Варшавскиот блок (Унгарија и Бугарија) Советскиот Сојуз испратил единици за да го контролираат суверенитетот на Чехословачка. На тој начин демократските реформи се одложени за 20 години.

16. Пјонгјанг (1945)

Три месеци по победата над Германија СССР на 8 август 1945 година ѝ објавил војна на Јапонија и брзо ја збришал Квантунската армија од континентот. Советите на 20 август го ослободиле корејскиот град Пјонгјанг кој набрзо потоа ќе стане престолнина на просоветската Северна Кореја. Корејците немале независност од 1910 година и ја дочекале Црвената армија со раширени раце. Тогаш не можеле да претпостават дека проблемите на Кореја со тоа не се решени, дека ќе дојде до поделба на Северот и Југот по крвавата Корејска војна.

17. Кабул (1979)

Советски тенк патролира по улица во Кабул, Авганистан.

Во Авганистан во 1979 година имаше многу нереди. Бунтовниците контролираа поголем дел од територијата на оваа земја, постојано доаѓаше до преврати кои ја уништија владејачката просоветска партија и се ширеа гласови дека авганистанскиот лидер може да премине на страната на САД. Одлуката за испраќање единици беше многу тешка, а излезе и дека не беше добра. Учеството на СССР во Авганистанската војна со својот живот го платија 15.000 советски војници, а просоветската влада во Авганистан падна брзо по повлекувањето на советските единици во 1989 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња