На 21 јуни 1941 година во 9 часот наутро германскиот војник Алфред Лисков ја препливал реката Буг, природната граница помеѓу Советскиот Сојуз и Третиот Рајх. Ги известил советските граничари дека следниот ден, на 22 јуни во 4 часот наутро германската војска ќе ја нападне советската територија. Лисков не ни можел да претпостави дека оваа постапка ќе ја плати со живот.
Локалното одделение на советската државна полиција НКВД внимателно ги анализирала податоците добиени од Лисков и неговата личност. Така, кога информацијата за нападот стасала до Генералштабот и до Сталин, веќе било премногу доцна: германската артилерија тргнала во напад.
Кога пребегал во Советскиот Сојуз Алфред Лисков ги напуштил својата жена, детето, мајката и таткото.
Лисков својата постапка ја објаснил со тоа што ваквиот чин била негова должност како предан комунист, додавајќи дека тоа го сторил по сопствена иницијатива. Претходно бил член на полуилегалната германска комунистичка организација Сојуз на борците од црвениот фронт (Roter Frontkämpferbund). Дури и во самата радикална организација се сметало дека Лисков е премногу екстремно расположен.
Алфред Лисков, 1941.
Тјомин/Sputnik„Јас сум од работничко семејство, од Колберг. Јас и моите родители го мразиме Хитлер и неговиот режим. За нас СССР е пријателска земја и не сакаме да војуваме против советскиот народ. Во Германија има многу вакви семејства. Тие не сакаат војна со вас“, рекол Лисков.
Почетокот на војната потврдил дека Алфред Лисков имал право. Неговата понатамошна активност била поврзана со советската пропаганда. Заедно со антифашистите вршел агитација ширум земјата, велејќи дека германските војници немаат волја да војуваат.
Советската пропаганда интензивно го користела ликот на Лисков. Негова фотографија била објавувана во весници и во пропагандни материјали со пароли како што е: „Овој германски војник кој не сакал да се бори против советскиот народ пребега на нашата страна“.
Сè дури не виделе еден од овие пропагандни плакати, Германците претпоставувале дека Лисков загинал на 22 јуни. Кога вистината излегла на виделина, семејството на Лисков било доведено во Гестапо на сослушување, а Лисков во отсуство бил осуден на смрт поради предавство.
Малку е познато за последниот период од животот на Алфред Лисков. Набргу откако се приклучил на Коминтерната Лисков дошол во конфликт со нејзините водачи Палмиро Тољати, Дмитриј Мануиљски и Георгиј Димитров, кои ги обвинил дека ги изневериле комунистичките идеали и дека „работат за нацистите“. Вистинските комунисти кои ги запознал не ги исполниле неговите очекувања.
Извршниот комитет на комунистичката интернационала: одлево надесно стојат Ото Виле Кусинен, Клемент Готвалд, Вилхелм Пик и Дмитриј Мануиљски; седат Георгиј Димитров, Палмиро Тољати, Вилхелм Флорин и Ванг Минг.
TASSНо, штитениците на Сталин биле многу помоќни од него и конфликтот со Коминтерната не завршил во корист на Лисков. Димитров го обвинил за фашизам и за антикомунизам.
На 21 јануари 1942 година Алфред Лисков бил уапсен од страна на советската полиција НКВ (Народен комесаријат за внатрешни работи). Во затворот покажал знаци на душевна болест. Не е познато дали се преправал или болеста била вистинска. Во јули Лисков бил ослободен и испратен на Сибир каде неговите траги се губат. Се верува дека неговиот живот завршил под сомнителни околности во близина на Новосибирск кон крајот на 1943 година.
Едно е сигурно: Лисков ја надживеал Коминтерната (распуштена во мај 1943 година), која ја презирал од дното на душата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче