Меѓу храбрите руски војници и морнари од Првата светска војна се издвојува легендарната фигурна на козакот Козма Крјучков.
Во август 1914 година група од четири козаци на коњи, меѓу кои бил и Крјучков, наишла на германска единица коњица од 27 војници. Козаците не се исплашиле од нерамноправната борба и го уништиле непријателот, убивајќи 24 војници, а останатите ги натерале да се повлечат.
Крјучков сам се судрил со група Германци и убил 11, при што се здобил со 16 рани од сабји. Сите слушнале за неговиот подвиг, вклучително и непријателот. Оттогаш германските и австриските војници имале наредба да ги убијат сите козаци и да не земаат заробеници-козаци.
Козакот Филип Придаников стекнал бесмртност на почетокот на војната кога руската војска ги поразила Австријците во Галиција. Среде битката коњот на козакот бил убиен и при падот неговата тежина му ја скршила ногата.
Опкружен со непријатели Придаников храбро се борел со сабјата у успеал да убие тројца Австријци. Кога следниот го извлекол оружјео, погубил уште тројца. Подоцна се онесверстил, но неговите другари го спасиле и го однеле во болница каде го чекало одликување.
Кога руската морнарица ги отстранувала австриските мини од реката Висла зимата 1915 годјна, една мина се откачила и тргнала по текот, заканувајќи се да ги уништи другите бродови, па дури и мостот кој бил по пат.
Без размислување, морнарот Пјотр Семенишчев нурнал во студената вода и ја извлекол мината на брегот, иако постоела опасност да го разнесе на парчиња. Неговите другари на копното ја презеле и ја уништиле.
Но, тука не е крајот на неговите јуначки дела. Подоцна се борел со осуммина австриски офицери и убил двајца од нив, при што ги натерал останатите да се повлечат. Се здобил со седум рани од бајонет и сo два удари во главата, но успеал да се спаси.
Капетанот Пјотар Нестеров е првиот руски пилот, како и првиот човек на светот кој извел сложен маневар под називот „мртов јазол“ кој во Русија исто така се нарекува „јазолот на Несторов“.
Несторов, исто така, бил првиот пилот кој бил доволно храбар да изведе „таранирање“ во воздушен бој, односно забивање со своето летало во непријателското. На 26 август 1914 година австриски авион летал над рускиот аеродром во Галиција со намера да го бомбардира.
Несторов веднаш реагирал: полетал со својот лесен еднокрилец и тргнал кон австрискиот авион. Рускиит пилот не сакал да изврши самоубиство, ами планирал да летне над непријателското летало и да го уништи со трапот на својот авион. Но, ударот го зафатил средниот дел на австрискиот авион, така што настрадале и Несторов и непријателот.
Пјотор Несторов загинал во воздушен напад со леталото, додека Александар Казаков бил првиот пилот кој преживеал сличен ризичен маневар. Во 1915 година со своето летало го нападнал германскиот авион „Албатрос“ и успешно слетал.
Казаков исто така бил најуспешен руски воен пилот во Првата светска војна. Соборил 19 непријателски авиони.
За време на руската граѓанска војна Казаков предано се борел против Црвената армија, Во август 1919 година, со оглед на тоа дека не можел да го прифати повлекувањето на британските единици од Мурманск, извршил самоубиство, забивајќи се со авионот во земја.
Додека патролирал околу Лублин, козакот Лавин наишол на единица Австријци. Наместо да пука, тој тивко им се приближил, гласно викнал и покажал кон шумата. Австријците, кои мислеле дека се фатени во заседа, го фрлиле оружјето и се предале. Лавин ги однел непријателските војници сам до рускиот логор. Еден козак сам заробил 19 Австријци, меѓу кои и тројца офицери.
Не се само мажите оние кои покажале јунаштво на бојното поле за време на Првата светска војна. Всушност, една медицинска сестра успеала да спаси 600 ранети офицери и војници и да командува со воена акција.
Во 1915 година за време на битката во близина на селото Доброславка во Белорусија, медицинската сестра Рима Иванова забележала дека двајца офицери од полкот се убиени и дека војниците почнале да се повлекуваат.
Иванова околу себе ги собрала преостанатите единици и ги повела во напад. Војниците успеале да ја освојат непријателската територија, но Рима го изгубила животот откако била тешко ранета.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче