Населението на Санкт Петербург често по лошо го споменува името на основачот на овој град - Петар I. Секој пат кога ќе дува ветер, врне, кога е студено или кога Нева ќе го поплави градот.

Бр. Булла
Прекрасниот северен град овој септември ја доживеа својата 310 поплава, сообраќајот беше во целосен колапс, бројот на сообраќајни несреќи беше троцифрен, како и бројот на паднати стебла. Нивото на Нева порасна до 179 см.

Бр. Булла
А претставете си го сега ова: пред повеќе од 90 години, 1924-та, нивото на реката достигна 369 см.

Бр. Булла
Тоа беше втората најголема поплава во историјата на Санкт Петербург, тогашен Ленинград, и првата најголема снимена со фотоапарат.
Бр. Булла
Водата ја однесе калдрмата, а во некои делови на градот движењето беше можно само со чамци. Населението брзаше да ги спаси вредните музејски експонати.
Бр. Булла
Воените патроли спречија сеопшта пљачка.
Бр. Булла
Санкт Петербург никна 1703 година на мочурлива територија. Но, царот Петар Велики бил толку восхитен од каналите на Амстердам што сакал по секоја цена и Русија да има сличен град.
Бр. Булла
Временските услови често се лоши, улиците, каналите и небото се сиви... Депресивните, мрачните ликови на Достоевски можеа да оживеат само во овој град.
Бр. Булла
Најголемата во историјата поплава Санкт Петербург ја доживеал 1824 година, кога нивото на водата се подигнало до 410 см. Несреќата однела многу животи и е опишана во поемата на Пушкин „Бронзениот коњаник“.
Бр. Булла
Нева тогаш носела и мостови и цели гробишта: сандаци со одамна погребени покојници пливале по улиците.
Бр. Булла