Зачудувачки петербуршки влезови за кои ќе посакате да се ваши!

Legion Media
Додека шетате низ Санкт Петербург, речиси насекаде во градот можете да се преправате дека сте благородник од 19 век. Понекогаш се чини дека во овој град има повеќе палати од обичните станбени згради. Дури и нешто толку прозаично како скалилата често имаат предреволуционерен уметнички шарм.

Луѓето ширум Русија ги нарекуваат влезот и скалилата на станбените згради „падјезд“, што буквално значи „пристап до превозно средство“. Но, Санкт Петербург како и обично се разликува од остатокот на Русија и го користи називот „параднаја“, што значи „свечен влез“ (наменет лицето да „парадира“ низ него).

Локалните жители се многу горди на своите влезови, многу од нив изгледаат апсолутно фантастично (за разлика од обичните и еднолични влезови во станбените згради).

„Инстаграм“ профилот „Paradnye" ги истражува најнеобичните и најубави влезови на Санкт Петербург. Администраторите не ги откриваат адресите на локациите, бидејќи не сакаат да ги преплави море од туристи во потрага по селфи. Сепак, ги откриваат адресите на лично  барање, така што слободно контактирајте ги во приватна порака.

Овој профил не е само фотографски проект, туку е насочен и кон конзервирање, така што следачите се молат да ги споделат историските и ажурирани информации за овие влезови и да им укажат на авторите на постоење на други кои тие сѐ уште не ги откриле.

Петербуршките влезови се еден од главните неофицијални симболи на градот, а во Питер лесно ќе пронајдете бројни ентузијасти кои организираат обиколки со водич по најинтересните згради. Секогаш кога ќе бидете во градот, задолжително приклучете се на некоја од турите, бидејќи ќе се сеќава на ова искуство до крајот на животот!

Погледнете: Водич за по крововите на Санкт Петербург

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња