Три порази на руската морнарица кои ја искомпромитирале нејзината слава

Битката кај Цушима

Битката кај Цушима

Mary Evans Picture Library/Global Look Press
Битката кај Цушима е веројатно најтешката лекција која во својата историја ја добила руската морнарица. Таа не само што довела до пораз на Русија во борбата против Јапонија, ами Руската империја ја свела на ниво на второкласна поморска сила.

1. Битката кај Свенскунд

Откако во Втората северна војна (1700-1721) Русите ги дотепале шведската војска и морнарицата, биле уверени дека нивниот северен сосед повеќе не претставува никаква закана. Но, 70 години подоцна, за време на Битката кај Свенскунд, се увериле во спротивното.

Битката кај Свенсксунд (VisaJohan Tietrich Schoultz)

Шведскиот крал Густав Трети во 1788 година започнал војна против Русија за да го поврати она што Шведска го изгубила во претходната војна. Две години подоцна сѐ уште немал постигнато ништо од својата замисла, претрпувајќи неколку порази и замалку губејќи ја војната. За пресврт му била потребна голема победа, а можноста за тоа набргу се укажала.

На 9-10 јули 1790 година шведската и руската морнарица почнале битка во Финскиот залив недалеку од Свенскунд. Со над 500 бродови на двете страни, ова била најголемата поморска битка која кога и да е била видена во Балтичкото море.

Откако Швеѓаните ја одбиле лошоподготвената руска офанзива, нивните воени бродови повеле успешен контранапад кој на руските бродови предизвикал паника. Силната бура придонела до катастрофален пораз зашто дезорганизираните руски бродови се превртувале, тунеле или останувале насукани.

Руската флота во оваа битка изгубила над 7.000 луѓе и 60 воени бродови, од кои 22 биле заробени. Швеѓаните, од друга страна, изгубиле само пет брода. Воениот триумг бил оттргнат од руските раце, а мирот бил склучен под услови на статус кво.

2. Битката кај Цушима (1905)

Ова е без сомнение најстрашниот пораз на руската морнарица во историјата. Втората тихоокеанска бригада во текот на шест месеци поминала половина од Земјината топка за да го дочека својот трагичен крај.

Ескадра од 38 воени бродови го напуштила пристаништето Либава (денешна Лиепаја во Латвија) за следната година во мај да стаса на Далечниот исток. На 27 мај ја започнала битката против надмоќната јапонска флота со 89 бродови во мореузот на Цушима.

Бројноста не била единствената предност на Јапонците. Поголемиот дел од нивните бродови биле двојно побрзи од руските, а воедно и помодерни и понапредни. Борбеното искуство на јапонскиоте морнари ги засрамило руските почетници.

Битката била завршена со катастрофален пораз на руската флота. 21 руски брод биле потопени, вклучувајќи шест воени брода. Седум бродови ги заробиле Јапонците, шест се трганле во неутралните брегови, каде биле разоружени, а само неколкумина успеале да избегаат.

Катастрифата кај Цушима во голема мера придонела за рускиот пораз во војната против Јапонија. Губејќи ја главницата на своите поморски сили, Русија повеќе не била поморска суперсила. Јапонија, напротив била сѐ поблизу до позицијата лидер во азиско-тихоокеанскиот рагион.

3. Талинска трагедија (1941)

Советската евакуација на Талин, позната како Талинска трагедија или руска операција Динамо, била една од најкрвавите поморски катастрофи во светската историја.

Кога во август 1941 година германските единици ја пресекле железничката врска помеѓу Ленинград и Талин и стасале до Финскиот залин, естонската престолнина и главната база на советската Балтичка флота била изолирана и опколена од непријателските сили.

Иако одбраната на Талин под такви околности била бесмислена, советското раководство се двоумело со наредбата за евакуација до последен момент. Дури на 27 август, кога на улиците на градот веќе избиле борби, советскиот конвој од 225 бродови го напуштил Талин и се упатил кон Ленинград.

Осум воени бродови на советската армада го сочинувале голем број транспортни бродови со силите што им преостанале од 10 стрелачки корпус и цивилите. Во нејзиниот состав имало над 41.000 лице.

Иако станувало збор за кусо растојание, преминот кон Финскиот залив не бил лесна задача. Бродовите наидувале на непријателски мини и константно биле под напад на финските тропиларки.

Но, вистински хорор настанал дури откако започнал германскиот напад од воздух. Советската армада немала апсолутно никаква авијација за да ја заштити, а противвоздушната одбрана на бродовите била мошне слаба.

Советските бродови затоа биле глинени гулаби за германските пилоти. Додека конвојот стасал во Ленинград на 31 август, изгубил 62 брода со над 10.000. Германците изгубиле само десет авиони.

Прочитајте повеќе: 5 факти за војната што ја направи Русија голема држава

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња