Бескрајна дебата: Кој ја започна студената војна

Виктор Будан/TASS
Откако започна студената војна, трае дебатата за тоа дали таа била иницирана од Американците или од Советите, а историчарите по ова прашање сѐ уште немаат постигнато косензус. Запознајте се со аргументите на обете страни.

Пристапот на историчарите во врска со почетокот на студената војна и во Русија и во Америка се менуваше со текот на времето. На почетокот обете страни се обвинуваа, а потоа се обидуваа да дојдат до компромисни теории. Во деведесеттите години од минатиот век, сепак, во САД дојде до необичен обрт и враќање на повоената позиција“.

„Најугледните историчари на студената војна“

Таква е ситуацијата со Џон Луси Гадис, истражувач кој важи за „најугледен историчар на студената војна“. Како професор на Универзитетот во Јејл и носител на бројни признанија, вклучувајќи ја и Пулицеровата награда, Гадис е познат како „еден од водечките американски историчири“ и советник на Белата куќа за време на претседателот Џорџ В. Буш.

Гадис на почетокот тврдеше дека премногу вина е ставено на САД кога станува збор за причините на студената војна, за подоцна да дојде до тврдењето дека советскиот водач Јосиф Сталин бил движечка сила зад конфликтот.

САД – најслободно општество во светот?

Гадис вака ги опшиува причините за почетокот на студената војна: „Конфликтот настана поради амбициозните надежди и параноичните стравови на Јосиф Сталин на советската страна и поради решителноста на САД и на западните сојузници да се спротивстават на овие амбиции доколку тие го преминуваат она што советската војска го добила во Втората светска војна“.

Според овој став, САД немале поинаков избор одошто да се сооќат со Сталиновите „амбициозни надежи и параноидни стравови“.

Џон Луис Гадис

Според Гадис, Рузвелт и Черчил сакале повоениот договор кој „претпоставувал можност за заеднички интереси, дури и меѓу конкурентните системи“.

Сталин, од друга страна, сакал само да „обезбеди безбедност на својата земја, истовремено поттикнувајќи ривалитет меѓу капиталистите“. Тој не гледа можност за соработка и заемна коегзистенција и сета вина ја префрла исклучиво на Сталин.

Американскиот историчар исто така ги спротивставува двете земји како антиподи. Гадис тврди дека „... граѓаните на Соединетите Американски Држави во 1945 година можеле веродостојно да тврдат дека живеат во најдлободното општество на Земјата“. Од друга страна, Советскиот Сојуз „на крајот на Втората светска војна бил најавторитарното општество на целиот свет“.

Студената војна вака е претставена како судир помеѓу Слободата и Авторитарноста, при што авторитарниот водач е очигледно лошото момче кое е одговорно за сѐ.

Две фракции во Вашингтон

Од руска страна најјасен и најдоследен приказ на студената војна веројатно има дадено покојниот Валентин Фалин, историчар и советски дипломат. Иако тој сметал дека Америка е одговорна за понатамошниот развој на ситуацијата, американската политика не ја гледал како непријателска од самиот почеток.

Валентин Фалин

Причините за конфликтот Фалин ги гледа во Втората светска војна и истакнува две тенденции во американската политика кон СССР. Првата се односува на стравот од сѐ поголемата моќ на Москва која таа ја стекнувала во борбата со нацистите. Другата е „пристапот остварен на конференцијата во Јалта“, а нејзината цел била мирна соработка на САД и СССР онака како што предвидувал претседателот Френклин Рузвелт.

Рускиот историчар ги наведува зборовите на Рузвелт од неговиот договор пред Конгресот на 1 март 1945 година во кој тој го поддржал договорот од Јалта помеѓу САД, Велика Британија и СССР: „Тоа не може да биде само американски мир, или британски мир, или руски, француски, кинески. Тоа не може да биде мир на големите народи или на малите. Тоа мора да биде мир кој почива на заедничките напори на целиот свет“.

„Големата тројка“ на Конференцијата во Јалта. На сликата: (одлево надесно) Јосиф Сталин, Френклин Рузвелт и Винстон Черчил.

Според Фалин, „светот кој го опишал Френклин Рузвелт не ги задоволил очекувањата на реакциската фракција во Вашингтон која станува сѐ посилна“. Кога умрел Рузвелт, неговиот наследник Хари Труман не сакал да ги земе предвид интереите на другите нации. Веќе во април истата година тој рекол дека „сега тоа [соработката помеѓу Москва и Вашингтон] треба да се прекине...“

Планови за бомбардирање 100 советски градови

За да ја илустрира новата и непријателска политика на американската администрација кон Москва која го распалувала огнот на студената војна, Фалин потсетува на воените планови на Пентагон. Тој наведува податоци од Меморандумот 329 на американскиот разузнавачки одбот од 4 септември 1945 година, само неколку дена пред крајот на војната.

Печурка од експлозија се издигнува 6000 метри над Нагасаки во Јапонија по вториот американски нуклеарен напад на 9 август 1945 година.

Во документот се наведува дека треба „да се изберат 20 најважни цели погодни за нуклеарно бомбардирање во СССР и на териториите под советска контрола“.

Тогаш Вашингтон веќе неколку месеци имал атомска бомба, па дури и ја употреби во Хирошима и Нагасаки. Сѐ до 1949 година СССР немаше нуклеарно оружје. Меморандумот е само првиот во низата вакви документи.

Прочитајте повеќе: Како САД планирале да го уништат СССР во 1949

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња