Откриен тајниот план за инвазија на Велика Британија врз Русија

Сталин и Черчил

Сталин и Черчил

Mary Evans Picture Library/Global Look Press
Велика Британија разработила план за инвазија на СССР во времето на Втората светска војна. За ова во својата книга „Черчиловата трета светска војна: британските планови за напад врз Советската империја“ зборува историчарот Џонатан Вокер. Американскиот магазин „Национален Интерес“ (National Interest) објави извадоци од книгата.

Како што наведува авторот, пролетта 1945 година британскиот премиер Винстон Черчил лично наредил да се направи план на операција за упад во СССР. Според планот кој го добил називот „Незамисливо“, нападот требало да почне на 1 јули 1945 година. 

Последните месеци од војната сојузничките сили во Европа броеле, меѓутоа, околу 4 милиони луѓе, а силите на СССР 11 милиони, што би било, како што истакнува Вокер, сериозен проблем за британските планови.

Авторите на планот во случај да не успеат да ја победат Црвената армија во Европа, имале алтернатива, низ Полска да се пробијат на советска територија.

„Креаторите на плановите пребледеа при помислата на огромните растојанија кои ќе мораат да ги преминат“, пишува историчарот.

Најспорното прашања во оваа операција, според мислењето на Џонатан Вокер, било вклучувањето на војниците на Третиот Рајх во состав на сојузничките трупи. Планот дозволувал учество на десет десантни дивизии на Германците. Проблемот бил што овие единици не можеле да бидат подготвени до 1 јули, затоа што за нивна рехабилитација била потребна прераспределба од сојузничките извори.

Велика Британија на крајот се откажала од „незамисливиот“ план, што авторот на книгата го нарекува исправна одлука затоа што Британците би се нашле во стапицата на копнена војна со најголемата сила на светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња