Зошто Русија ја продаде Алјаска: Нови погледи на болното прашање од Руската Историја

Историја
ГЕОРГИЈ МАНАЕВ
Руската историја е полна со сложени ситуации и настани. Нивната анализа е понекогаш сувопарна, така што нашиот редовен автор-историчар д-р Георгиј Манаев реши да ви раскаже некои настани во вид на кратки театарски парчиња каде во улогите се заинтересираните земји, историски личности и луѓе како претставници на нацијата.

Улоги:

Русија – Источноевропска империја. Моќна, но постојано ѝ недостасуваат пари и страда од корупција и од мрзеливи функционери.

САД – млада моќна држава која мачи мака со внатрешните политички проблеми. Непријател на Велика Британија.

Велика Британија – „господарка на морето“. Непријател (понекогаш и сојузник) на Русија и на САД. На двете сака да им го расипе просперитетот.

Руска американска компанија – руска државна компанија основана за трговија со Америка

Руски пионери – разни руски истражувачи, морепловци и трговци.

Гроф Муравјов Амурски – генерал-губернатор на Источен Сибир

Службеници на Руската американска компанија – морнарички офицери, млади руски благородници, колку арогантни, толку и глупави

Руси

Американци

Алеути – автохтон народ од Алјаска

Тлингити – воинствено индијанско племе од Алјаска

1732 година

Руските пионери (официјално ја откриваат Алјаска): О! Нова земја за истражување и освојување! Нови луѓе за трговија и размена на добра!

Алеутите: {|”|}*&()!*#%^&%!&! (Добре ни дојдовте, прекрасни и необични бледолики!)

Руските пионери: О, здраво, здраво! Според нашите сфаќања вие воопшто не сте луѓе, ами варвари (Почнуваат да убиваат морски видри и моржови, одземајќи им ја така на Алеутите храната и попречувајќи им го на тој начин традиционалниот начин на живот).

Алеутите: !?***(?*) {|”|}*&()!*#%^&%!&! (Заминувајте оттука, бледолики ѓаволи, ќе ве испотепаме и ќе ви ги запалиме бродовите!)

Руските пионери: Така ли? Сте го виделе ли нашето огнено оружје? (Заземаат определени алеутски населби насила).

Алеутите немаат друг избор ами да тргуваат со Русите. Во следните 30 години бројот на Алеути на Алјаска опаднал за 70% поради недостиг од храна.

1763 година

Алеутите: *(!I*)*(!^&%&$%!%^$%! !?***(?*) {|”|}*&()!*#%^&%!&! (Е, сега е веќе доста. Заминувајте, бледолики ѓаволи, ќе ве испотепаме и ќе ги запалиме вашите бродови!)

Руски пионери (новодојдени)

Русија: Доста беше замајување. Вие само меѓусебно се убивате, а јас така нема да можам да тргувам со американскиот континент,

1799 година

Русија: Вие можете да управувате со Алјаска, а јас ќе заработувам на неа зашто царот е еден од главните сопственици на вашите акции!

Руската американска компанија (по доаѓањето на Алјаска): Жими мајка! Каква гозба! Коски од морж! Крзно од морска видра! Чај и свила од Кина! Големи резерви на злати под земјата! Ќе станеме богаташи!

Тлинкитите: „Hokaaaaaaaaahey!“!

Русија: До зла Бога! Вие не можете да се борите дури ни против Индијанците во обични кануа! Ќе ви испратиме зајакнување колку што е можно побрзо.

Руската американска компанија: <Зајакнувањето е стасано, Индијанците од племето Тлингит се разбиени, повторно е заземена Ситка>

Русија: Конечно! Веќе мислев дека ќе морам да го кренам Суворов од мртвите да ни помогне. Ајде сега малку да заработуваме.

1819 година

Службениците на Руската американска компанија: Под еден, го менуваме правилникот – сега само морнаричките офицери мораат да управуваат со компанијата. Под два, ги креваме нашите плати да бидат како министерски. Ја тресеме ситуацијата! Да живееме!

Руската американска компанија: Има сè помалку пари.

Службениците на Руската американска компанија: Нема проблем. Ќе ги натераме Алеутите да убиваат повеќе морски видри и ќе ги купуваме за половина цена!

Алеути: !?***(?*) {|”|}*&()!*#%^&%!&! (сочни пцости на алеутски јазик)

Руската американска компанија: Отиде се во бестрага! Нашите нови менаџери не можат дури ни да организираат поморска трговија. Изгледа дека тие само пијат и играат. Русијо, јас сум на работ на банкрот.

Русија (издвојува 200.000 рубли годишно за спасување на Руската американска компанија од банкрот, што е еднакво на годишната заработка на двајца министри). Проклети да се тие бедни офицери! Изгубив цело богатство! О-хо, што е сега ова? Почна војна! Е, само уште тоа ми требаше

1853 година (во Европа започнува Кримската војна)

Грофот Муравјов-Амурски (му пишува писмо на императорот Николај Први):

Ваше Императорско Величество,

САД направија пруга и наскоро ќе стасаат до границите со Алјаска. Порано или подоцна ќе бидеме принудени нашите северноамерикански територии да им ги пропуштиме...

Велика Британија: Дозволете ми да ви одземам една минута и учтиво да ви соопштам дека на Алјаска имате само неколку гарнизони кои се малобројни! Види! Изгледа дека ниту вашиот Далечен исток не е добро заштитен. Нашето Величество и Франција испраќаат флота за да го покори вашиот најисточен град Петропавловск-Камчатски!

Русија: Не е толку незаштитен колку што мислите вие!

(Гарнизонот на Петропавловск-Камчатски славно го брани пристаништето и ја победува британската флота)

Русија (на Англија): Ми беше задоволство, Ваше Величество!

Велика Британија: Бог ги остави тие луди Руси! Ја изгубивте Кримската војна, а вашиот император тукушто умре! Освен тоа, ќе ви ја блокирам Алјаска од море.

САД: Значи, немате баш некој голем избор. Еве тука има 7 милиони долари... (123 милиони долари во сегашна противвредност).

Русија: Само 7 милиони долари? Дајте тогаш и едно пиво. Или две пива. Што можам да купам за тие пари? Можеби брод? Добро, да кажеме два брода. Тоа се околу 11 милиони руски рубли – толку секоја година трошиме на Министерството на императорскиот двор. Тоа е ситно, луѓе!

САД: Што да се прави... Единствено што можеме е дел од таа сума да ви ја дадеме во железничка опрема која сега ви е толку потребна.

Русите: Еј, вие горе, на престолот! Да не сте одлепиле малку? Американците најдоа златни прачки на Алјаска! Зошто ја продавате земјата која сè уште не се исушила од крвта на нашите војници?

Русија: Јас секако не можам да ја бранам таа земја.

Велика Британија:

Боже чувај ја Кралицата:

Нека е победоносна,

Среќна и славна,

Долго да владее со нас:

Боже, чувај ја кралицата.

Русија: Еј, вие таму! Сакате ли уште една Кримска војна против една од најдобрите армии во Европа?

Русите: (џагор и по некоја пцост).

Русија: Е, тоа е веќе подобро.

САД: (Започнува копањето злато на Алјаска. Започнува „Златната треска“): Благо мене...

Русија: Ах! Тие кутри империјалистички држави. Баш ми е гајле, имам јас своја земја во која управувам. Еве, тукушто го укинавме кметството. Во секој случај, не ми треба тој американски фрижидер, и онака таму повеќе ги нема моите омилени морски видри.

Одрекување на одговорноста: Овој текст е измислена приказна за сложените односи меѓу европските држави во 18 и во 19 век. Поради драмската композиција на определени места се отстапува од историската веродостојност, но основните факти се точни.

Ако ве интересира оваа тема прочитајте уште: Четири центи за хектар: како Русија ја продаде Алјаска