Алјаска – ризница на најнеобичните јазици

Во некои села на Алјаска се зборува на дијалект на рускиот јазик кој се развивал независно од времето на Руска Америка (18 век). На сликата: Сузи Панек, еден од носителите на најнеобичниот дијалект на рускиот јазик. Извор: Alamy / Legion Media.

Во некои села на Алјаска се зборува на дијалект на рускиот јазик кој се развивал независно од времето на Руска Америка (18 век). На сликата: Сузи Панек, еден од носителите на најнеобичниот дијалект на рускиот јазик. Извор: Alamy / Legion Media.

Уште од времето на Руска Америка (18 век) на Алјаска се зачувани населби во кои отсекогаш се зборувало на руски јазик. По продажбата на оваа територија, некои од овие села долго време биле во целосна изолација. Затоа потомците на првите жители до денешен ден го имаат зачувано најнеобичниот дијалект на рускиот јазик во светот, вистинска филолошка скапоценост: рускиот јазик од 18 век со уникатни особености, кои настанале поради изолираниот развој и малата говорна заедница. „Руска реч“ за овој број ви го претставува интервјуто со Мира Бергелсон, професорка на МДУ „Ломоносов“, која ги истражува и ги запишува овие дијалекти од Алјаска.

Заедно со Вашиот сопруг, Андреј Кибирик, бевте на експедиција на Алјаска во селото Ниниљчик. Можете ли да ни раскажете нешто повеќе за тоа?

М.Б.: Не беше само една експедиција, станува збор за цел проект во кој ние учествуваме. Имено, во 1997 година со својот сопруг отидов на Алјаска. Во тоа време Андреј веќе долго време ги имаше проучувано атабаските јазици на Алјаска и долго време престојуваше таму како Фулбрајтов стипендист, со цел да забележи еден од најнедостапните атабски јазици на централна Алјаска – горнокускоквимскиот.

Нашата задача е ниту едно од тие зрна да не се изгуби, туку да забележиме сѐ. И тоа е исклучително важно, зашто тоа е дел од разноликоста и од целокупното богатство на рускиот јазик.

Таму го повика директорот на Националниот центар за проучување на јазиците на Алјаска, Мајкл Краус. За време на нашиот престој на Алјаска Мајкл спомена дека уште од времето на Руска Америка и на Руската американска компанија (1799-1867) на Алјаска, на Кенајскиот полуостров, зачувани се населби во кои отсекогаш се зборувало на руски.

Во истиот момент ни светнаа очите: „Како е можно на тие места да се зачувал рускиот јазик од 18 век!?“

Потоа, кога бевме во еден друг дел во внатрешноста на Алјаска, во селото Николај, каде што живеат Атабасите (кои се, исто така, православни христијани од она време, затоа и селото се вика Николај), каде што Андреј се занимаваше со опис на горнокускоквимскиот јазик, се сретнавме со активисти од селото Ниниљчик – потомци на раните доселеници.

Во овој јазик има многу идиолектни нешта – определени називи станале лични имиња, а зад секое име се крие некоја приказна што е дел од културното наследство, нормативите во изговорот кај едно семејство може да се разликуваат од друго, затоа што, на пример, во едното мажот што го основал семејството со локална жена е од еден крај на Русија, додека во друго семејство е од сосема друг.

Станува збор за луѓе што се постари од нас и не зборуваат на руски, но се сеќаваат дека во детството во нивните семејства се зборувало на руски. За нив самиот јазик и сите обичаи што се поврзани со Русија претставуваат културно наследство. А, со оглед на тоа дека сега во многу краишта на Америка расте интересот на локалните изворни жители за сопствените корени и за минатото, и тие би сакале да го зачуваат своето наследство.

Овие луѓе навистина сакаа на некаков начин да го забележат својот јазик, зашто им беше јасно дека тој полека исчезнува. Нѐ замолија да составиме речник на нивниот јазик. Најпрво започнавме од составување речник на имиња и називи, оти тие ги одржуваат јазикот и обичаите на еден народ во дадена средина. Особено се посветивме на собирање на називите на предмети и појави од материјална природа (реалии), кои се особен признак на определена етничка група. Но, не е можно да се постигне што било сѐ дури не се сфати како да се забележи звучната специфика на јазикот. Секако, станува збор за руски јазик, односно за еден негов дијалект, за кој се карактеристични определени (фонетски – заб. ред.) разлики во однос на современиот руски јазик.

Во внатрешноста на Алјаска, во селото Николај живеат Атабасите кои се православни христијани.

Беше потребно да се решиме за погоден систем на транскрипција, со оглед на фактот дека станува збор за дијалект што никогаш не бил запишуван: оние луѓе што имавме можност да ги сретнеме никогаш не пишувале на руски, зашто како мали веќе оделе во англиско училиште, кое било отворено во триесеттите години од минатиот век, наместо руската парохиска школа, која била затворена во 1917 година.

Ним рускиот јазик им е мајчин, односно тоа е првиот јазик што го научиле во детството.

Андреј состави фонетски опис на регуларните разлики во однос на стандардниот руски, кој потоа го изложивме во неколку научни трудови во врска со проектот за речникот. Исто така, ја опишуваме и граматиката и други одлики. Главната разлика е промена во структурата на родовите.

Тоа беше првата експедиција, а потоа сета работа долги години беше оставена во втор план. Некаде околу 2005 година активистот за зачувување на културното наследство на Ниниљчик Вејн Лиман, стручњак по шаенски јазик, продолжи да ги собира руските зборови во тој крај. Но, бидејќи не знае руски, му беше тешко да ги забележува на слух и секако беше неопходно тој материјал да биде проверен од носители на јазикот.

Ниниљчик Вејн Лиман, стручњак по шаенски јазик, продолжи да ги собира руските зборови во тој крај. Но, бидејќи не знае руски, му беше тешко да ги забележува на слух и секако беше неопходно тој материјал да биде проверен од носители на јазикот.

Ниниљчишкиот говор се користи на многу ограничено подрачје – станува збор само за едно село, кое од 1867, кога е продадена Алјаска, па во следните дваесет години било практично изолирано.

Како резултат на тоа се создадоа голем број прашања и затоа минатата година конкуриравме за финансиски средства за експедиција и од Рускиот фонд за општествени науки (РГНФ), кои и ги добивме. Во октомври 2012 година повторно бевме во Ниниљчик и успеавме да го провериме речиси целиот речник. Кога во иднина би имале можност уште некое време да поминеме на терен, би успеале да го завршиме целиот проект со речникот. Тоа би бил мултимедијален речник, зашто ќе содржи фотографии и звучен запис.

Дали се забележуваат некакви промени во дијалектот од 1997 година до периодот на вашата втора експедиција?

М.Б.: Сѐ споредуваме со податоците што ги собравме од Леонтиј Квасников, нашиот прекрасен информатори (носител на дијалектот и учесник во истражувањето), кој, за жал, почина уште во 1997 година.

Мораме да побрзаме, зашто сите наши информатори имаат по деведесет години.

Проблемот е во тоа што ниниљчишкиот говор се користи на многу ограничено подрачје – станува збор само за едно село, кое од 1867, кога е продадена Алјаска, па во следните дваесет години било практично изолирано – во Куковиот залив не наминувал ниту еден брод, а бројот на жителите што зборувале на тој јазик никогаш не преминувал 200-300, што е многу малку. Затоа индивидуалните разлики што постојат се исклучително важни: во овој јазик има многу идиолектни нешта – определени називи станале лични имиња, а зад секое име се крие некоја приказна што е дел од културното наследство, нормативите во изговорот кај едно семејство може да се разликуваат од друго, затоа што, на пример, во едното мажот што го основал семејството со локална жена е од еден крај на Русија, додека во друго семејство е од сосема друг. Големо влијание своевремено имале и двојазичните припадници на ескимскиот етнос Аљутик (Сухпијак).

Но, јазикот на староседелците на Ниниљчик – првиот и единствен и тоа повеќе од осумдесет години (до појавата на англиското училиште) – бил рускиот. Тој, независно од својата матица, се развивал според сопствени правила.

Во 2012 година имавме можност да сретнеме и други носители на овој јазик (информатори), кои имаат свои фонетски особености, но сѐ се вклопи во системот што веќе го имавме опишано.

Потребна ни е уште една експедиција за да ја завршиме започната работа и мораме да побрзаме, зашто сите наши информатори имаат по деведесет години. Тоа се постари, но современи Американци, кои знаат за Скајп, но новите технологии во нашиов случај не можат многу да помогнат, зашто е потребно да се слушне секој детаљ, повторно да се поставуваат прашања, така што мошне важна улога има непосредната комуникација во која до израз доаѓаат лексичките и културните контексти.

Се разбира дека тие не владеат со тој јазик на напредно ниво, често преминуваат на англиски, но се присетуваат на руски изрази, а нашата задача е ниту едно од тие зрна да не се изгуби, туку да забележиме сѐ. И тоа е исклучително важно, зашто тоа е дел од разноликоста и од целокупното богатство на рускиот јазик. Уникатноста на овој дијалект се огледа во тоа што живее веќе подолго време независно од својата матица, и во тоа што најпрво бил опкружен со ескимска, а потоа со англиска средина. Од примерите на тамошниот руски јазик можат да се воочат многу процеси на еволуција на јазичниот идиом низ историјата, потоа социолингвистички проблеми, а секако и културното наследство: може да се дознае каков живот воделе овие луѓе.

Тие сега себеси се сметаат за староседелци на Америка, но кон крајот на 19 век оние што зборувале на руски се чувствувале како креоли, сметајќи се себеси за носители на домородната култура на Алјаска.

Рускиот текст на порталот gazeta.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња