Зошто советската медицина беше една од најдобрите на светот?

Историја
БОРИС ЕГОРОВ
Се смета дека советскиот систем на медицинска нега немаше свој аналог. Медицинските услуги во Русија и денес во најголема мера се бесплатни, но квалитетот не е ист.

Тешките години на Граѓанската војна која настапи по револуцијата од 1917 година го вратија здравствениот систем во Русија речиси во средниот век. Новата советска држава ја потресуваа епидемии на колера, на тифус и на големи сипаници, во земјата немаше доволно медицински работници, болници и лекови.

Првите години од советската власт морталитетот нагло се покачил, а наталитетот се преполовил. Итно било потребно да се организира здравствениот систем.

СССР успеал да организира таков систем на медицинска нега за целата држава и сите граѓани имале правно бесплатно да се лекуваат во новите медицински установи.

Граѓаните можеле да побараат помош во најблиската станица за брза помош, а потоа во најблиската амбуланта. За покомплексна медицинска нега добивале упат за во општинските или во градските болници. За најтешките случаи постоеле специјални медицински установи. Сличен систем постоел и за децата.

Освен тоа, здравствената состојба на работникот на секој колектив била контролирана и вработените морале еднаш годишно да отсуствуваат од работа за да ги направат потребните медицински анализи.

Правото на бесплатна медицинска помош е пропишано со Уставот од 1936 година како едно од основните права на советските граѓани (заедно со правото на образование, работа итн.)

Големо внимание се посветувало на превенција од болестите, па затоа постоеле многу диспанзери како оние за венерични болести, за алкохолизам и за туберкулоза.

Уште една превентива била вакцинацијата која била задолжителна за сите – од децата до најстарите. Човек кој конкурира за работа не можел да ја добие доколку ги немал примено сите вакцини.

Советската медицина особено се покажала во годините на Големата татковинска војна или на Втората светска војна. На фронт се вратени 72% од ранетите и 90% од заболените војници, односно повеќе од 17 милиони лица.

Лекувалишта и одморалишта постоеле низ целата земја.

Во подоцнежниот советски период се појавија некои платни услуги, а непишано правило беше на лекарите да им се подари бонбониера или шише коњак.

Здравствениот систем во Русија и денес е речиси бесплатен. Но, квалитетот не е ист и мошне е забележлива разликата помеѓу државните и приватните клиники.

Прочитајте за тоа Како советскиот лекар на Антарктик самиот себеси си го извади слепото црево